Monday, November 5, 2018

Брзи, вкусни и здрави пудинзи

Верувам секој од вас се соочува со недостаток на време и идеи за едноставен, вкусен и брз десерт. Тргнувајќи од себе, кога има денови во кои буквално се бориме со времето и работните обврски, семејството и подготовката на оброците, прошетките и игрите со децата, решивме да споделиме неколку едноставни рецепти кои се подготвуваат за неколку минути.
Главната состојка во рецептите кои ќе ги споделиме е чиа семе. 




Tuesday, October 23, 2018

Топли есенски напитоци

Есента е прекрасно годишно време. Боите кои сосебе ги носи се единствени и ненадминливи. Мирисот на дожд предизвикува носталгија за домот, а студот не бодри што побрзо да ги завршиме обврските и да си ги гушнеме блиските.
Неделните утра се исполнети со вкусот на печена тиква, штрудла од јаболки со многу цимет и задоволни, несмеани лица.
Но и покрај прекрасните плодови кои ги нуди, златните и бронзени нијанси низ парковите, есента ни носи и многу настинки, вируси, особено ако е топла.
А знаеме сите дека при првото растечено носе, веднаш подготвуваме топли оброци и напитоци.
Денес, ќе споделиме со вас, неколку наши, омилени рецепти, за слатки, топли и вкусни напитоци кои ќе ја задоволат желбата за слатко и ќе ги стоплат дечињата.

Thursday, September 27, 2018

Како до го подобриме имунитетот кај бебињата и децата?


Есента веќе пристигна, а темературите, несоодветни за овој период од годината, се прилично ниски. Најмалите се веќе во градинките, а и школската година е одамна е започната. Еден од најголемиот проблем на родителите токму овој период се настинките и вирусите. Затоа, во разговор со нутриционист Маја Велковска од Нутрика, ќе се потрудиме да ви ги дадеме потребните информации како да се избегнат досадните настинки или барем да се ублажат симтомите на најчестите вируси кои децата ги добиваат во градинките и школите.

Monday, September 10, 2018

Био Космос со нови стандарди за квалитет

Денес, слободно можеме да кажеме дека се повеќе родители внимаваат во исхраната на своите деца и органските и био производи се заменуваат со нездравите и брзи оброци, особено купечките.
Но освен што внимаваме на начинот на исхрана и подготовка на храната за семејството, треба да знаеме да одбереме и вистински намирници.

Био Космос на нашиот пазар постои повеќе од 10 години. Компанијата нуди повеќе од 500 производи како: органски, безглутенски и макробиотски производи, жита, тестенини, зимници, супер храни, брашна и постојано се воведуваат на пазарот нови иновативни производи. Сите органски производи се произведени според HACCP и ISO стандарди за квалитет и се сертифицирани од овластена сертификациона куќа. 

Sunday, August 19, 2018

Растителните млека во исхраната на децата

Како мајка на четиригодишно дете кое е хрането по начела и принципи за здрава и избалансирана храна, откако започнав со дохрана имав куп прашања, дилеми и искушенија за тоа како треба или не треба да се храни моето бебе, а понатаму и дете.
На почетокот одговорите ги наоѓав самата, читајќи, прашувајќи ги поискусните мајки, ги отворив погледите кон различни пристапи на хранење на своето дете, експериментирав и учев по пат на обиди и грешки. Сега, денес, гледајќи наназад и пред сѐ гледајќи го своето дете, мислам дека успеав да создадам навики за здрава исхрана кај него, а со тоа успеав да внесам новини во семејната исхрана.