Thursday, December 22, 2016

Манадарини 12+ месеци

Мандарините имаат многу малку калории. На пример, во 100 грама мандарини има само 34 калории и 30мг витамин Ц, што е двојно повеќе од портокалите, а со разградувањето на бета каротинот се добива витамин А, кој е важен за видот и кожата.

Wednesday, November 23, 2016

Која пластична амбалажа e штетна, а која е безбедна за употреба?

Пред десет или повеќе години никој не ни помислил дека обична вода ќе се пие од пластични шишиња. Денес тоа е повеќе од навика, а не неопходност, бидејќи водата од водоводот се уште се пие. Сите купуваме флаширана вода, кога патуваме, одиме на работа, носиме мали пластични шишиња вода со нас. На децата кога одат во градинка и училиште, исто така, им пакуваме вода во шише. За жал, често пиеме вода од пластична амбалажа, но со тоа не си правиме услуга. Зошто? 

Friday, November 18, 2016

8 причини зашто НЕ за кравјото млеко


И покрај фактот дека длабоко сме навлезени во 21. век и понатаму се соочуваме со големиот број на прашања кои можат да се сведат на едно:
„Бебето наполни четири месеци, немам млеко, досега беше на АД, сега сакам да преминам на кравјо млеко. Какво да дадам? Полномасно или обратно и дали да го разблажувам/разредувам или не? “



Одговорот е едноставен: Не му давајте на бебето кравјо млеко. Ако се прашувате зашто, еве ги одговорите:

Monday, October 31, 2016

Есенски рецепти во Бебе Готвач

Првиот предвесник на есента се жолтите лисја и златните тонови насекаде околу нас. Дома пак, мирисот на печена тиква значи дека веќе сме и посакале добредојде на златната дама.
Затоа, со помош на нашите членови од групата Здрава храна, здрави деца! подготвивме 6 вкусни рецепти за целото семејство. Без разлика дали сакате да се засладите или да ги избегнете стандардните оброци и да внесете новина, секако ќе бидете инспирирани да зготвите барем еден од нив.

Рецептите може да ги најдете во андроиф апликацијата Бебе готвач

Тиквички 6+ месеци

Тиквиците по потекло дел се од Индија, додека некои се по потекло од Америка. Ги има во разни големини, форми и бои. Тиквичките кои виреат во нашето поднебје се со долгнавест и цилиндричен облик, со темно и светло зелена боја и со тенка кора. Плодот е мек и бледозеленкаст.

Банана 6+ месеци

Бананата е име за овошјето и тревните растенија од родот Банана (Musa) кои го произведуваат ова најчесто јадено овошје. Тие потекнуваат од тропските регионот на југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропски предели. Современата банана е вкрстена сорта од дивите видови заострена банана  (Musa acuminata) и семена банана (Musa balbisiana).

Friday, October 28, 2016

6+ прашања со Маги Самарџиевска

За да можеме да ја доближиме здравата исхрана и подготвувањето на оброци за бебиња од 6 месеци па нагоре од денес ќе имаме по едно интервју со нашите членови, пријателите на групата, поддржувачите на здравата исхрана и секако специјалисти, педијатри и нутриционисти.
Маги, како еден од нашите членови кој редовно е вклучен во групата, со постирање на рецепти но и со давање издржани совети, ќе ја има честа прва да одговори на нашите 6+ прашања преку ќе ги запознаеме и ќе ви доловиме дека подготвоката на здрави оброци не тешка и не треба многу време.

Многу твои рецепти секојдневно се готват, повторно се постираат од членовите, што значи дека не се само здрави туку се и вкусни. Но пред да ни кажеш од каде толку инспирација, да направиме еден вовед околу дохраната и нејзиното започнување со Софи, вашата ќерка.

Friday, October 21, 2016

Бебе готвач на вестите на Канал 5

Каква храна јадат нашите деца, колку таа знае да биде штетна ако не знаеме што им даваме да јадат и како да ја замениме за здрава.
Промоција и на првата македонска андроид апликација за здрава храна посветена на бебиња и деца, Бебе Готвач.
Повеќе може да погледнете на видеото од линкот:

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=100141

Sunday, October 16, 2016

Батат или благ компир 6+ месеци

Благиот компир (Latin: Ipomea Batatas) потекнува од Јужна Америка и луѓето го употребуваат повеќе од 5000 години. Тој е високо енергетски производ кој содржи многу скроб, а многу малку масти и содржи количина на хранливи материи и витамини повеќе од кој било друг зеленчук.

Сливи 6+ месеци

Вкусните, месести и сочни сливи имаат ниска калорична вредност и не содржат заситени масти, а содржат голем број состојки корисни за здравјето, витамини и минерали.
Одредени соединенија кои се корисни за здравјето, а можат да се најдат во сливата, како што се: растителните влакна, сорбитол и исатин, помагаат при регулацијата на работата на дигестивниот систем и поради тоа се користат како лек во случаите на констапација.

Леќа 9+ месеци

 Леќата се вбројува во групата на зрнести мешункасти зеленчуци, заедно со гравот, грашокот, боранијата. Познати се околу 40 – тина сорти леќа, кои се разликуваат по боја, големина и форма.
Леќата се одгледувала уште од камено доба, а се претпоставува дека потекнува од југозападна Азија, од каде е донесена и во Европа.

Saturday, October 15, 2016

Бебе Готвач тема во утринската Нов ден

Одлична емисија на кумановската К3 телевизија. На видеото можете да ја погледнете целата емисија во која гостува Весна Ѓурковска Каеска, админ на групата Здрава храна, здрави деца!.
Темата е секако здрава храна, нашето искуство како мајки и админи, како функционира груапта и секако се збори и за Бебе Готвач, првата андроид апликација за здрава храна и исхрана во Македонија.

Monday, October 10, 2016

Урми 12 + месеци

Урмата е плод на палма која се одгле­дува на Сред­ниот исток повеќе од 5.000 години. Ста­нува збор за слатко овошје кое по обли­кот е многу слично на маслинка и се состои од плод и семка. Се кон­зу­ми­раат суви, полу­суви и свежи. Богати се со : калциум, магнезиум, железо, бакар, фолна киселина.Го зајакнуваат организмот, го намалуваат нивото на холестерол во крвта, го штитат стомакот од паразити и бактерии. Најдобро е да се јадат на празен стомак за да може нејзините состојки подобро да се искористат.

Sunday, October 9, 2016

Риба 10+ бела слатководна, 12+ бела морска и сина



Рибата е богата со протеини и минерали, како и со рибино масло кое е содржи големи количини на омега 3 масни киселини. Нутриционистите препорачуваат да се јаде плава риба барем два пати неделно и тоа приготвена со рибино масло. 
Народите кои живеат покрај море поретко заболуваат од дегенеративни и кардиоваскуларни заболувања за разлика од оние кои живеат во густо населените урбани средини со „тешка“ исхрана. Ова се должи на специфичната исхрана која се состои од риба, вино, маслиново масло, како и на благата приморска клима.

Saturday, October 8, 2016

Финти од кујната

Сите ние секогаш се трудиме да најдеме начин како полесно, побрзо и поквалитетно да ги завшуваме обврските во кујната, од готвење до средување на истата.
Со помош на нашите членови од групата  Здрава храна, здрави деца! собравме корисни информации и совети како да си го олесните секојдневието без да трошите многу финансиски средства на скапи препарати и да го заштедите времето кое го поинувате во кујната.


Monday, October 3, 2016

Намирници богати со железо


Железото е еден од најважните нутриенти за имунитетот кај човекот. Затоа, треба да се грижиме правилно да се ресорбира во организмот преку нашата исхрана за да не дојдеме во ситуација кога вештачки и по пат на суплементи во исхраната ќе треба да го поправиме нивото на железото.

Monday, September 26, 2016

Кокосово масло 6+ месеци

Кокосовото масло се користи во исхраната, во козметиката, за подобрување на здравствената состојба, како и во многу други секојдневни примени.
Кокосовото масло е вообичаена намирница во народната медицина во Азија, поради неговата хранлива вредност и лековитото делување.

Маџун 11+ месеци

Најголем дел од луѓето го користат називот гроздов сок. Сепак, постои разлика меѓу гроздов сок (шира) и гроздов концентрат кој кај народот е познат како маџун или гроздов мед. Маџун стар и по неколку децении чуваат Тиквешани во своите визби, наследство од нивните татковци, мајки, дедовци и баби. Во минатото нашите предци немале шеќер во изобилство како ние сега. Сиромашните страдале и за зрнце шеќер, па тоа малку што го имале, не знаеле за што попрво да го употребат. Го криеле од децата, заклучувајќи го во старите креденци. 

Monday, September 5, 2016

Како да ги отстраните пестицидите од овошјето и зеленчукот?

Иако на нашите пазари се уште може да се најдат домашно одгледани овошја и зеленчуци, сепак не можеме да бидеме сигурни дека не се воопшто третирани. Најчесто сите овошја и зеленчуци се прскаат, макар и минимално. Иако органската храна во истоимените продавници не е премногу скапа, сепак не секогаш има она што во моментот ни треба или ни се тешко достапни бидејќи ги нема насекаде, па најчесто свежите намирници ги пазариме од пазарите, поголемите маркети или специјализираните продавници.


Sunday, September 4, 2016

Боранија 8+ месеци

 Боранијата е многу хранлив и здрав зеленчук. Спаѓа во групата на мешункаст зеленчук. По потекло е од Мексико. За народите на старите цивилизации, покрај пченката и тиквата, боранијата била главна храна. Боранијата (Phaseolus vulgaris) во Европа ја довеле Шпанците во 16-тиот век и се препорачува за исхрана поради своите биолошки и лековити состојки. Денес таа се користи за исхрана во скоро сите земји во светот.

Thursday, September 1, 2016

Просо (безглутенска житарка) 6+ месеци

Просото е една од најстарите житарици, кои се користеле во исхраната на човекот. Тоа е многу хранлива и лековита житарица. Содржи просечно повеќе белковини од пченицата, пченката и оризот, како и драгоцени минерали: фосфор, магнезиум, флуор и железот, витамини, особено витамини од групата Б (Б1 и Б2), аминокиселини и микроелементи. Содржи 14% растителни протеини и околу 60 % јагленохидрати, а многу малку масти.


Амарант (безглутенска житарка) 6+ месеци

Амарантот, или pigweed, е еден од најздравите зрна. Амарант е вид на житарица, чие име потекнува од грчки збор, а кој значи "бесмртен". Таа е одличен извор на протеини, влакна, калциум, кој го има повеќе и од млекото и железо. Лесно е сварлива што ја прави совршена храна за здравите и болни лица.


Tuesday, August 30, 2016

Зашто го бланшираме зеленчукот?

Бланширање е процес кој е речиси задолжителен за големиот дел од зеленчуците пред да се замрзнат. Бланширањето е всушност  кратко обарување на зеленчукот и овошјето во зовриена вода.

Правилно замрзнување на зеленчукот и овошјето

Замрзнувањето на зеленчукот и овошјето е одличен начин да се подготват свежи залихи за зима, а одличен начин за чување на мали порции храна за вашите деца. Екстремно ниската температура го запира растот на микроорганизмите и ги забавуваат промените кои водат до расипување на храната. Квалитетот на замрзнатиот зеленчук и овошје зависи од квалитетот кога е свежо - колку се посвежи и позрели зеленчукот и овошјето, особено ако се дојдени директно од градина, најдобри се за замрзнување.

Monday, August 29, 2016

Колку време смее да седи бебешката храна во замрзнувачот?

Мајките најчесто ја замрзнуваат бебешката храна за да си го олеснат секојдневието, односно не секогаш се во можност да подготват храна во дадениот момент, а не сакаат да користат готови производи. 

Wednesday, August 24, 2016

Круша 6+ месеци

Крушата е сочно и слатко овошје со помалку зрнеста текстура. Постојат илјади видови од ова овошје и секое се разликува по боја, облик, вкус и големина. Може да се јадат свежи, да се преработуваат, готват, а сокот е посебно вкусен.
Иако според некои записи култивацијата на крушките датира од пред 3000 години, постојат претпоставки, според кои, во ова чудесно овошје уживал и човекот од Каменото доба. Во својот славен еп – Одисеја, Хомер ги окарактеризирал крушките како „дар на боговите“, а во времето на францускиот крал Луј XIV, крушите биле симбол на луксуз.

Јаболко 6+ месеци

One apple а day, keeps the doctor away :)
Иако јаболкото можеби и не е така атрактивно овошје, сепак е едно од најдобрите и најздрави намирници и би требало да се користи во секојдневната исхрана.
Бидејќи се целогодишни, јаболките достапни се во текот на целата година и тоа по сосем нормални и пристапни цени.Јаболките се познати по својот освежителен, кисело-сладок вкус и посебна арома. Постојат околу 10 000 сорти на јаболки кои меѓу себе се разликуваат по вкус, по слаткост или киселост, по конзистенција и по сочност.

Friday, August 19, 2016

Киви 12+ месеци

Киви (или кинеско диво грозје) е едно од највкусните, но и најздравите овошја. Потекнува од јужна Кина, од кинеската провинција Шанжи. Ова егзотично овошје е признаено како национален симбол на Кина.



Кељ 10+месеци

Кељот е намирница која спаѓа во суперхрана. Овој лиснат зелен зеленчук се јаде во текот на целата година. Може да се измеша со овошје во блендер и да се пие како сок, да се јаде како салата, како вариво или запечен, како прилог на другите јадења или како здраво главно јадење.


Прокељ 8+ месеци

Прокељ или кељ пупчар е зеленчук од фамилијата на зелките (Brassicaceae). По својот изглед потсетува на минијатурна главица зелка. Прокељот е двогодишна билка со атрактивен изглед, со листови формирани во т.н. пупови, кои личат на зелени топчиња.
Прокељот потекнува од ладните делови на северна Европа. Во текот на 16-от век бил омилен зеленчук во Белгија, а во 18-от век почнал да се одгледува и во Шведска. Се претпоставува дека во САД е пренесен од Франција.

Saturday, August 6, 2016

Овошје и зеленчук: виножито полно здравје!

Храната може да биде и лек и болест. Оние кои се грижат за своето и здравјето на семејството, секогаш се трудат да имаат повеќе сезонското овошје и зеленчук со прекрасни и разновидни бои на семејната трпеза наместо индустриски преработената храна
Храната може да ја поделиме и според боите и тоа : жолто-портокалова, црвена, зелена и сино-виолетова, бои кои би требало секојдневно да ги внесуваме со исхраната.
Ако во исхраната внесуваме голема количина на овошје и зеленчук во различни бои, можеме да спречиме многу современи заболувања како што се: кардиоваскуларните заболувања, остеопорозата, дијабетот и малигните заболувања, кои се јавуваат како последица на современиот начин на живот и исхрана.

Подготовка на кефир

Начинот на подготовка е многу едноставен. Потребно е само млеко и габи, односно зрнца од кефир. Традиционално, за подготовка на кефир не се користат метални садови и лажици, бидејки може да го уништат лековитото дејство на напитокот.

Friday, August 5, 2016

Поддршка на доењето

Затоа што е светска недела на доењето денес ќе ја споделам и раскажам мојата приказна на темата.
Можеби не сум стручна, ама затоа сум искусна. Единствено жалосно е што искуството морав сама да го стекнам, а обично треба помош. Доењето е вештина. Поготово за мајката. Бебињата го имаат инстиктот, но ако мајката ја нема упорноста ништо од дружбата. Некои мајки тоа го совладуваат лесно, а овие како мене потешко.

Tuesday, June 7, 2016

Гостување во МТВ

Тука може да го погледнете целиот прилог на Ани Нукушева во кој покрај промоцијата на Бебе Готвач, разговаравме и за здравата исхрана на бебињата и децата.

Елена, Ирна и Весна со екипата од МТВ


Thursday, June 2, 2016

Брокула 6+ месеци

Брокулата е богат извор на витамини и минерали, како и на други лековити состојки. Од витамини најмногу содржи витамин А, Ц и Е, а од минерали содржи: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина

Sunday, May 29, 2016

Топ 15 здрави намирници за деца- 5.ЦИМЕТ


 Истражувањата покажуваат дека овој зачин може да помогне во регулирање на шеќерот во крвта. Вашите деца може да го консумираат со палачинки,  житарки, овес, млеко, може да додадете малку цимет и на нивните омилени благи кифли.

Топ 15 здрави намирници за деца- 4.КАКАО


Какаото во прав во себе содржи состојка флавоноид која е позната по тоа што го подобрува крвниот притисок, работењето на срцето, придонесува за добро орално здравје и може да  заштити од штетното зрачење на сонцето. Освен како топол напиток, какаото може да биде одличен додаток за вашите омилени десерти.

Saturday, May 28, 2016

Кефир 12+ месеци

“Кефир”, е пробиотски млечен производ кој од дамнешните времиња им е познат на жителите на Кавказ.
Според преданијата зрнцата и упатствата за негова подготовка староседелците ги добиле директно од пророкот Мухамед, заедно со заповед за чување на тајната. Се смета за еликсир на младоста, животот и долговечноста.

Топ 15 здрави намирници за деца- 3.БОРОВНИЦА


 Боровинките спаѓаат во групата на најздрави овошја.
 Истражувањата покажуваат дека штитат од болести на срцето и појавување на дијабет и ја подобруваат работата на мозокот. Докажано е и дека боровинките можат да помогнат во намалување на мастите во организмот кои многу влијаат на дебелината.

Топ 15 здрави намирници за деца- 2.ЈОГУРТ

Јогурт

Јогуртот содржи здрави бактерии кои го зајакнуваат имунитетот и го подобруваат варењето на храната. Ако вашите деца редовно консумираат јогурт со сигурност ќе имаат јак имунитет.
Затоа јогуртот нека биде дел од нивното секојдневно мени.


Во себе содржи активни пактерии кои го јакнат имунитетот, ја подобруваат срцевата работа и го смируваат воспалението на желудникот.

Топ 15 здрави намирници за деца- 1.СПАНАЌ


Спанаќот е познат како „крал на зеленчукот ” од причина што изобилува со минерали и витамини, а листовите содржат големо количество на хлорофил.
Овој зеленчук е вистинска витаминска бомба. Содржи бетакаротин и лутеин кои се корисни за видот. Содржи калциум кој им е најпотребен на коските.

Спанаќот содржи:
  •     Фолна киселина – 50% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Витамин А-60% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Витамин Ц-35% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Железо-20% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Магнезиум-20% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Рибофлавин-15% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Калциум-10% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Калиум-15% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Витамин Б6-15% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Витамин Е-15% од дневно препорачаната доза по оброк 
Ви препорачуваме вкусен рецепт со овој благотворен зеленчук:

Интегрални мафини со спанаќ

Состојки:
  • 150 гр интегрално брашно
  • 100 гр пченично брашно
  • 1 кесичка пециво
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 лажиче сол
  • 100 гр сирење
  • 50 мл масло (+3 лажици за пржење )
  • 3 јајца
  • 200 гр спанаќ

Подоготовка:

Спанаќот убаво го миеме па ситно го сецкаме.
Го пржиме па го додаваме во претходно изматените јајца.
Додаваме сирење, брашното мешано со пециво и посолуваме.
Го додаваме ситно сецканото лукче и маслото.
Смесата ја изедначуваме и ја префрламе во хартиени корпици сместени во калап за печење.
Печеме во добро загреана рерна околу 20 минути проверувајќи со чепкалка.
На здравје :)


Thursday, May 26, 2016

Морков 6+ месеци


Морковот е зеленчук кој слободно може да се каже дека е „рудник на хранливи материи“.Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, бидејќи содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Морковот има изразено антимикробно (антибиотско) дејство.
Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Морковот потекнува од Авганистан, а во текот на историјата е пренесен во сите земји во светот. Тој се користи за исхрана во текот на целата година.

Гостување во Утринска на Телма

За сите оние кои не успеаа да ја гледаат утринската емисија на Телма во која разговаравме за апликацијата Бебе Готвач и здравата исхрана на бебињата и децата може да ја погледнат тука.
Утринска на Телма, 0м+

Кормид 6+ месеци

 Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Постојат неколку сорти од овој тркалезен зеленчук: жолт, црвен (полулут и поблаг), бел, бисерен и благ кромид. Тој се употребува како додаток или зачин во сите светски кујни. 

Цвекло 8+ месеци

Цвеклото е лековит зеленчук кој ја стимулира размената на материите во организмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Цвеклото содржи големи количини на витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротин, како и минерали: калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод...

Нов апдејт на апликацијата Бебе Готвач

Сите оние кои веќе ја имаат инсталирано апликацијата Бебе Готвач на своите андроид уреди знаат дека таа содржи кошничка за намирници со која може да се обележат намирниците во рецептите кои се потребни за набавка.

Wednesday, May 25, 2016

Тиква 6+ месеци



Тиквата е одамна позната како симбол за регенерација и долговечност.
Меснатиот дел од плодот на тиквата изобилува со бета каротен и витамин Е. Тие се силни антиоксиданси и се важни за превенција и борба против ракот.
Благодарение на целулозата која ја содржи тиквата, таа поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на организмот од штетните отпадни материи.

Авокадо 6+ месеци



Авокадото заради својата структура и кремавост е одлично за воведување уште во почетокот на дохраната на бебињата, односно од 6+ месеци.
Авокадото често го нарекуваат  „совршена храна“ на природата, бидејќи може да се рече дека содржи се што човек треба да се преживее. Одличниот состав кој содржи  "добри масти" е храна за мозокот на бебето и физичкиот развој, па затоа погрижете  се авокадо да го внесете во првите намирници во бебешката  храна, наместо на рафинирани житарици.

Прва македонска андроид апликација за здрава исхрана „Бебе Готвач“

Долгонајавуваната апликација конечно достапна за сите корисници на андроид уредите. Ние сме горди што уше на самиот почеток одлично е прифатена, особено од мајкте кои сека имаат едно „помагало“, секогаш и секаде достапно. Првата македонска андроид апликација „Бебе Готвач“, има за цел да ви ги направи достапни рецептите за здрава исхрана на најмалите. 

Зашто НЕ на солта пред наполнета 1 година?

Многу одамна солта била толку ценета што служела како средство за плаќање. Тогаш луѓето ја имале во мали количини и се користела многу внимателно. За среќа, денес имаме сол на неограничено располагање, но за жал поради тоа има многу повеќе од оние кои претеруваат со нејзината употреба во споредба со оние кои ја консумираат умерено. Денес, солта не е повеќе "бело злато", како што некогаш ја нарекувале, но заедно со белото брашно и шеќерот стана негативнен лик од озлогласената група на модерната исхрана, т.н.. "Трите бели смртти".


Препораки за зголемување апетит кај деца



Можеби најтешката работа за една мајка е да се справи со слабиот апетит кај своето дете. Но за среќа колку и да изгледа тоа тешко тоа е појава која не трае засекогаш.
Начелно треба да се прави разлика помеѓу немање апетит и избирање на храна. Најчесто се работи за второто. Децата јадат, но само тоа што сакаат да го јадат, тоа што не им се допаѓа го одбиваат.