Sunday, May 29, 2016

Топ 15 здрави намирници за деца- 5.ЦИМЕТ


 Истражувањата покажуваат дека овој зачин може да помогне во регулирање на шеќерот во крвта. Вашите деца може да го консумираат со палачинки,  житарки, овес, млеко, може да додадете малку цимет и на нивните омилени благи кифли.

Топ 15 здрави намирници за деца- 4.КАКАО


Какаото во прав во себе содржи состојка флавоноид која е позната по тоа што го подобрува крвниот притисок, работењето на срцето, придонесува за добро орално здравје и може да  заштити од штетното зрачење на сонцето. Освен како топол напиток, какаото може да биде одличен додаток за вашите омилени десерти.

Saturday, May 28, 2016

Кефир 12+ месеци

“Кефир”, е пробиотски млечен производ кој од дамнешните времиња им е познат на жителите на Кавказ.
Според преданијата зрнцата и упатствата за негова подготовка староседелците ги добиле директно од пророкот Мухамед, заедно со заповед за чување на тајната. Се смета за еликсир на младоста, животот и долговечноста.

Топ 15 здрави намирници за деца- 3.БОРОВНИЦА


 Боровинките спаѓаат во групата на најздрави овошја.
 Истражувањата покажуваат дека штитат од болести на срцето и појавување на дијабет и ја подобруваат работата на мозокот. Докажано е и дека боровинките можат да помогнат во намалување на мастите во организмот кои многу влијаат на дебелината.

Топ 15 здрави намирници за деца- 2.ЈОГУРТ

Јогурт

Јогуртот содржи здрави бактерии кои го зајакнуваат имунитетот и го подобруваат варењето на храната. Ако вашите деца редовно консумираат јогурт со сигурност ќе имаат јак имунитет.
Затоа јогуртот нека биде дел од нивното секојдневно мени.


Во себе содржи активни пактерии кои го јакнат имунитетот, ја подобруваат срцевата работа и го смируваат воспалението на желудникот.

Топ 15 здрави намирници за деца- 1.СПАНАЌ


Спанаќот е познат како „крал на зеленчукот ” од причина што изобилува со минерали и витамини, а листовите содржат големо количество на хлорофил.
Овој зеленчук е вистинска витаминска бомба. Содржи бетакаротин и лутеин кои се корисни за видот. Содржи калциум кој им е најпотребен на коските.

Спанаќот содржи:
  •     Фолна киселина – 50% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Витамин А-60% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Витамин Ц-35% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Железо-20% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Магнезиум-20% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Рибофлавин-15% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Калциум-10% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Калиум-15% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Витамин Б6-15% од дневно препорачаната доза по оброк
  •     Витамин Е-15% од дневно препорачаната доза по оброк 
Ви препорачуваме вкусен рецепт со овој благотворен зеленчук:

Интегрални мафини со спанаќ

Состојки:
  • 150 гр интегрално брашно
  • 100 гр пченично брашно
  • 1 кесичка пециво
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 лажиче сол
  • 100 гр сирење
  • 50 мл масло (+3 лажици за пржење )
  • 3 јајца
  • 200 гр спанаќ

Подоготовка:

Спанаќот убаво го миеме па ситно го сецкаме.
Го пржиме па го додаваме во претходно изматените јајца.
Додаваме сирење, брашното мешано со пециво и посолуваме.
Го додаваме ситно сецканото лукче и маслото.
Смесата ја изедначуваме и ја префрламе во хартиени корпици сместени во калап за печење.
Печеме во добро загреана рерна околу 20 минути проверувајќи со чепкалка.
На здравје :)


Thursday, May 26, 2016

Морков 6+ месеци


Морковот е зеленчук кој слободно може да се каже дека е „рудник на хранливи материи“.Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, бидејќи содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Морковот има изразено антимикробно (антибиотско) дејство.
Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Морковот потекнува од Авганистан, а во текот на историјата е пренесен во сите земји во светот. Тој се користи за исхрана во текот на целата година.

Гостување во Утринска на Телма

За сите оние кои не успеаа да ја гледаат утринската емисија на Телма во која разговаравме за апликацијата Бебе Готвач и здравата исхрана на бебињата и децата може да ја погледнат тука.
Утринска на Телма, 0м+

Кормид 6+ месеци

 Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Постојат неколку сорти од овој тркалезен зеленчук: жолт, црвен (полулут и поблаг), бел, бисерен и благ кромид. Тој се употребува како додаток или зачин во сите светски кујни. 

Цвекло 8+ месеци

Цвеклото е лековит зеленчук кој ја стимулира размената на материите во организмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Цвеклото содржи големи количини на витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротин, како и минерали: калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод...

Нов апдејт на апликацијата Бебе Готвач

Сите оние кои веќе ја имаат инсталирано апликацијата Бебе Готвач на своите андроид уреди знаат дека таа содржи кошничка за намирници со која може да се обележат намирниците во рецептите кои се потребни за набавка.

Wednesday, May 25, 2016

Тиква 6+ месеци



Тиквата е одамна позната како симбол за регенерација и долговечност.
Меснатиот дел од плодот на тиквата изобилува со бета каротен и витамин Е. Тие се силни антиоксиданси и се важни за превенција и борба против ракот.
Благодарение на целулозата која ја содржи тиквата, таа поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на организмот од штетните отпадни материи.

Авокадо 6+ месеци



Авокадото заради својата структура и кремавост е одлично за воведување уште во почетокот на дохраната на бебињата, односно од 6+ месеци.
Авокадото често го нарекуваат  „совршена храна“ на природата, бидејќи може да се рече дека содржи се што човек треба да се преживее. Одличниот состав кој содржи  "добри масти" е храна за мозокот на бебето и физичкиот развој, па затоа погрижете  се авокадо да го внесете во првите намирници во бебешката  храна, наместо на рафинирани житарици.

Прва македонска андроид апликација за здрава исхрана „Бебе Готвач“

Долгонајавуваната апликација конечно достапна за сите корисници на андроид уредите. Ние сме горди што уше на самиот почеток одлично е прифатена, особено од мајкте кои сека имаат едно „помагало“, секогаш и секаде достапно. Првата македонска андроид апликација „Бебе Готвач“, има за цел да ви ги направи достапни рецептите за здрава исхрана на најмалите. 

Зашто НЕ на солта пред наполнета 1 година?

Многу одамна солта била толку ценета што служела како средство за плаќање. Тогаш луѓето ја имале во мали количини и се користела многу внимателно. За среќа, денес имаме сол на неограничено располагање, но за жал поради тоа има многу повеќе од оние кои претеруваат со нејзината употреба во споредба со оние кои ја консумираат умерено. Денес, солта не е повеќе "бело злато", како што некогаш ја нарекувале, но заедно со белото брашно и шеќерот стана негативнен лик од озлогласената група на модерната исхрана, т.н.. "Трите бели смртти".


Препораки за зголемување апетит кај деца



Можеби најтешката работа за една мајка е да се справи со слабиот апетит кај своето дете. Но за среќа колку и да изгледа тоа тешко тоа е појава која не трае засекогаш.
Начелно треба да се прави разлика помеѓу немање апетит и избирање на храна. Најчесто се работи за второто. Децата јадат, но само тоа што сакаат да го јадат, тоа што не им се допаѓа го одбиваат.

Маслиново масло

Маслинката е библиска билка, позната од многу одамна и се споменува во Библијата како симбол на мир и добронамерност, но и како симбол на животот и надежта. За старите народи, маслинката била симбол на мудроста. Ова зелено овошје успева само во јужните, топли краеви, бидејќи веќе на 10 степени Целзиусови угинува.
Првите маслинки се насадени речиси пред повеќе од 6000 години, и од тогаш се високоценети во исхраната, медицината и козметиката. Најценет е плодот на маслинката, кој се јаде сиров или конзервиран. Но, маслинката својата популарност ја стекнала и поради маслото, кое се наоѓа во нејзиниот плод.

Подготовка на житарки


Кога станува збор за житарките, родителите најчесто имаат прашање како се подготувуваат. Во овој пост кратко е објаснет соодносот на секоја житарка и вода потребна за нејзина подготовка, како и времето на подготовка. Житарките се набројани според соодветните месеци за воведување во бебешката исхрана.



Безглутенски житарки кои можат да се воведат на почетокот од дохраната на бебињата се: просо, гриз од просо, ориз, гриз од ориз, амарант, киноа, палента или пченкарен гриз.


  • Просо: се готви во сооднос 3:1, околу 15-20 мин. Претходно се чисти и мие од можни нечистотии, а може и претходно да тостира
  • Гриз од просо: се готви во зовриена вода како и секој друг гриз со тоа што количински се става нешто повеќе од вообичаениот гриз затоа што не набабрува како пченичниот
  • Ориз ( било кое зрно) се готви во сооднос 3:1, 15тина минути
  • Гриз од ориз: се подготвува во зовриена вода како и било кој друг гриз
  • Амарант: се готви во сооднос ос вода 3:1 околу 30-40 минути и готов е кога водата ќе се упие и се добие слузава структура и кафена боја
  • Киноа: се готви во сооднос со вода 2:1 околу 25 минути но пред да ја подготвите мора да ја измиете во малка вода
  • Палента или пченкарен гриз: се подготвува во зовриена вода како и било кој друг гриз

 
Глутенски житарки кои можете да ги воведете по наполнети 8+ месеци во бебешката храна се: спелта, јачмен, рж, гриз од спелта, пченица, пченичен гриз, овес, булгур, кус-кус
  • Спелта: се готви 1 час во сооднос со вода 2:1
  • Гриз од спелта: се подготвува во зовриена вода како и било кој друг гриз
  • Пченица: се готви 1 час во сооднос со вода 2:1
  • Пченичен гриз: се подготвува во зовриена вода како и било кој друг гриз
  • Овес: се готви 1 час во сооднос со вода 4:1
  • Рж: се готви 1 час во сооднос со вода 2:1
  • Јачмен: се готви 45 минути до 1 час во сооднос со вода 2:1
  • Булгур: се готви во сооднос со вода 2:1 околу 10-15 минути
  • Кус-кус: не се готви туку се полева со зовриена вода во сооднос 2:1 и се остава поклопено да отстои 10тина минути

 

Житарка која се воведуваат по 12тиот месец цо исхраната на бебињата бидејќи може да биде алергена и е практично енергетска бомба е хељдата.
  • Хељда; се готви во сооднос со вода 2:1 околу 20тина минути
Напомена:

Спелтата, ржот, јачменот, овесот, пчениицата и хељдата се потопуваат во вода и се оставаат да остојат 12 часа пред да ги готвите

Снегулки од споменатите житарки, можат, но не морааат да се готват пред употреба

Колку калории треба да внесуваат децата по оброк?

Уште од моментот кога ќе се родат, бебињата предизвикуваат лавина прашања, дилеми, забуни кај родителите, особено мајките. Една од најчестите дилеми на родителите е колку треба едно бебе, односно дете да изеде за да ги задоволи дневните потреби. Често се прашуваат која количина треба да ја дадат и колку калории да содржи оброкот. Додека бебињата, доносно децата се мали се грижат дали јадат доволно, но кога ќе пораснат, некои родители се сомневаат дека нудат премногу храна. Исто како и нејадењето, дебелината е денес глобален проблем. Затоа најдобро е да го следите бебето, односно детето и да процените кога е доволно.
Возрасните јадат по потреба, односно кога ќе почувствуваат глад, но со децата, особено бебињата тоа функционира поинаку бидејќи се се уште мали и не знаат да кажат кога се гладни.


Како да ја замрзнете домашно приготвената бебешка храна?

Понекогаш немаме време да приготвиме свежи оборци, па затоа е добро да имаме залиха во замрзнувачот за да си го олесниме секојдневието, а сепак да дадеме домашна храна. Тука може да прочитате неколку методи како правилно да ја замрзнете бебешката храна.

Tuesday, May 24, 2016

Алергена храна и зачини: кога се воведуваат?

Светот се движи напред, секојдневно се соочуваме со нови изуми, учиме да бидеме во чекор со новот време. Препоркаите од одредени области кои до вчера биле прифатливи за сите, денес веќе не важат. Така и со исхраната, особено по бробата на многу земји со гојазното население, советите за здрави навики се нови.
Кога се зборува за бебешката исхрана, новите истражувања диктираат сосема нови норми, особено за храната која се смета за високо алергена и се препорачува да се внесе што подоцна на бебешкото мени.
Експертите препорачуваа да се почека со внесување на храната која се смета за алергена барем додека бебињата не навршат една година, па родители низ целиот свет прават листи што смее, а што не да дадат на своите деца, а најчесто станува збор за јајца, јатки, кикирики, риба и морски плодови.
Но, во 2008 година на Американската академија за педијатрија (ААП) објави извештај кој покажува дека истражувањето не го поткрепуваат ова.


Зашто НЕ за шеќерот во бебешката храна?

Децата го сакаат слаткиот вкус на храната и сакаат често да ја јадат.
Храната која содржи многу шеќер како и пијалоците со шеќер се богат извор на „празни калории“; во себе носат многу енергија, а се без никаква хранлива вредност. Најчесто оваа храна/производи се причина за зголемена телесна тежина и здебеленост кај децата и претставуваат ризик-фактор за натамошни заболувања.

Воведување дохрана

Пред да воведете цврста храна кај вашето бебе, важно е да се консултирате со педијатар или стручно лице.
Институтот за јавно здравје на Република Македонија во „ПРИРАЧНИК ЗА ПРАВИЛНА ИСХРАНА НА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА“ советува:

Добредојдовте почитувани родители!


Ви благодариме што го одбравте блогот Здрава храна, здрави деца.
Наменет е да ви даде информации за воведувањето на дохраната кај бебињата и совети за здрава исхрана на вашите деца. Целта е да ви го олесниме секојдневието со корисни совети и разни рецепти и да ви помогнеме да ги најдете одговорите на најчестите прашања кои ги мачат родителите, а се поврзани со исхраната на бебињата и децата.
Здрава храна, здрави деца е блог чија цел е да ја подигне свеста за наметнување на здрави навики во исхраната уште во самите почетоците ( од бебиња 6+ месеци). Наменета е за сите кои сакаат да научат нешто ново и да прочитаат совети за здрава исхрана.
Пред да започнете да го користите овој блог, важно е да знаете дека иако содржината е според препораки од разни извори, мора да се консултирате со педијатар или стручно лице кое најдобро знае кога и како се започнува со воведување на цврста храна кај бебињата.