Спанаќот е познат како „крал на зеленчукот
” од причина што изобилува со минерали и витамини, а листовите содржат големо
количество на хлорофил.
Овој зеленчук е вистинска витаминска бомба.
Содржи бетакаротин и лутеин кои се корисни за видот. Содржи калциум кој им е
најпотребен на коските.
Спанаќот содржи:
- Фолна киселина – 50% од дневно препорачаната доза по оброк
- Витамин А-60% од дневно препорачаната доза по оброк
- Витамин Ц-35% од дневно препорачаната доза по оброк
- Железо-20% од дневно препорачаната доза по оброк
- Магнезиум-20% од дневно препорачаната доза по оброк
- Рибофлавин-15% од дневно препорачаната доза по оброк
- Калциум-10% од дневно препорачаната доза по оброк
- Калиум-15% од дневно препорачаната доза по оброк
- Витамин Б6-15% од дневно препорачаната доза по оброк
- Витамин Е-15% од дневно препорачаната доза по оброк
Интегрални мафини со спанаќ
Состојки:
- 150 гр интегрално брашно
- 100 гр пченично брашно
- 1 кесичка пециво
- 2 чешниња лук
- 1/2 лажиче сол
- 100 гр сирење
- 50 мл масло (+3 лажици за пржење )
- 3 јајца
- 200 гр спанаќ
Подоготовка:
Спанаќот убаво го миеме па ситно го
сецкаме.
Го пржиме па го додаваме во претходно
изматените јајца.
Додаваме сирење, брашното мешано со пециво
и посолуваме.
Го додаваме ситно сецканото лукче и
маслото.
Смесата ја изедначуваме и ја префрламе во
хартиени корпици сместени во калап за печење.
Печеме во добро загреана рерна околу 20
минути проверувајќи со чепкалка.
На здравје :)
No comments:
Post a Comment