Saturday, May 28, 2016

Топ 15 здрави намирници за деца- 2.ЈОГУРТ

Јогурт

Јогуртот содржи здрави бактерии кои го зајакнуваат имунитетот и го подобруваат варењето на храната. Ако вашите деца редовно консумираат јогурт со сигурност ќе имаат јак имунитет.
Затоа јогуртот нека биде дел од нивното секојдневно мени.


Во себе содржи активни пактерии кои го јакнат имунитетот, ја подобруваат срцевата работа и го смируваат воспалението на желудникот.

Јогуртот содржи пробиотици, добри бактерии кои живеат во нашиот пробавен тракт и помагаат во исфрлањето на штетните микроорганизми, кои можат да бидат причина  на разни цревни воспаленија.
Само една порција на јогурт значаен е извор на калциум,фосфор,рибофлавин,јод.цинки витамин Б5. Исто така содржи и витамин Б12 чија задача е да ги чува црвените крвни станици и помага во чувањето на здравјето на живчаниот состав.


Ладна салата од краставица и јогурт

Состојки:

- 200 ml безмасен јогурт
- 1 лажичка ситно сечкан лук
- 1 голема лажица ситно сечкана краставица
- ½ лажичка сув копар
- 1 лажичка лимонов сок
- ½ лажичка маслиново масло
- 1/8 лажичка сол



Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во мал сад. Декорирајте со свеж босилок или нане и копар. Сервирајте со свеж зеленчук, пита или ориз

No comments:

Post a Comment