Sunday, May 29, 2016

Топ 15 здрави намирници за деца- 4.КАКАО


Какаото во прав во себе содржи состојка флавоноид која е позната по тоа што го подобрува крвниот притисок, работењето на срцето, придонесува за добро орално здравје и може да  заштити од штетното зрачење на сонцето. Освен како топол напиток, какаото може да биде одличен додаток за вашите омилени десерти.



Бакнеж од истокот

Потребни состојки:

1 чаша оризово или кокосово млеко
4 лажици чиа семе
2 лажици кокосово брашно
1-2 лажици мед или агаве сируп
1 лажица какао во прав
Пире од некое овошје по желба


Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете ги во ладилник најмалку половина час, додека чиа семето да набубри.

No comments:

Post a Comment