Боровинките спаѓаат во групата на најздрави
овошја.
Истражувањата покажуваат дека штитат од
болести на срцето и појавување на дијабет и ја подобруваат работата на мозокот.
Докажано е и дека боровинките можат да помогнат во намалување на мастите во
организмот кои многу влијаат на дебелината.
Добар начин да ги вметнете во секојдневната
исхрана на вашите деца е да им ги давате по појадокот. Тие се и супер додаток
на летните салати и десерти.
Смути од боровинки
Потребни сосотјки:
- 1 чаша боровинки;
- 1 банана;
- 1/4 чаша ананас;
- 100 грама јогурт;
- 1 чаша спанаќ (или кељ);
- 1 лажица ленено семе;
- 1/2 чаша оризово млеко;
- 1/2 чаша вода;
- 1/4 чаша мраз (по желба);
Ставете ги сите производи во блендер и матете додека не добиете хомогена смеса.
No comments:
Post a Comment