Sunday, May 29, 2016

Топ 15 здрави намирници за деца- 5.ЦИМЕТ


 Истражувањата покажуваат дека овој зачин може да помогне во регулирање на шеќерот во крвта. Вашите деца може да го консумираат со палачинки,  житарки, овес, млеко, може да додадете малку цимет и на нивните омилени благи кифли.


Во поново време може да се сретнат информации за одредена штетност. На што се должи тоа? Циметот потекнува од Шри Ланка, чие поранешно име е Цејлон и тој цејлонски цимет (Cinnamomum verum ) е всушност вистинскиот цимет. Постои и Кинески цимет (Cinnamomum cassia ) кој е со послаб квалитет, многу поефтин, а исто така многу повеќе застапен на пазарот. Одговорот на прашањето зошто cassia циметот е со послаб квалитет е содржината на кумарин, која не смее да е повисока од дозволеното. Што е кумарин от? Кумарин от е состојка која природно се наo ѓа во многу растенија. Содржината на кумарин во храна та треба да биде ограниченa со закон до неговата п рифатлива дневна доза или 0,1 mg кумарин на kg телесна тежина. Во кинескиот или cassia цимет мож е да има многу повеќе кумарин од она што е дозволено и з дравo за исхрана на децата.

Сончогледов путер со цимет и ванила

Потребни состојки:

2 чаши (225 г) сирово сончогледово семе
¼ чаша (60 мл) сончогледово масло (се додава етапно)
½ лажичка хималајска сол
2 лажици сируп од ванила
3 лажички цимет во прав
Кора од половина лимон за вкус


Подготовка:

Тостирајте ги семките од сончоглед во рерна, на 165 степени додека да станат мирисни и златни. Повремено промешувајте. Нека се изладат десетина минути.
Ставете ги во процесор со една лажица масло и сол. Кога ќе започнат семките да се ситнат, постепено додајте го преостанатото масло, и матете додека не се формира убава конзистентност. Кога путерот ќе стане воздушест, додајте ја ванилата и циметот. Мешајте уште малку.
Ако путерот е многу цврст, додајте уште малку масло.
Чувајте во тегла.

Вкусен есенски рецепт - печени јаболки со цимет

Потребни состојки:
  • 6 шолји сечкани јаболки
  • 1 ½ шолја брашно
  • ½ шолја шеќер
  • 1 пециво
  • 1 јајце
  • ½ лажичка цимет
  • ½ шолја путер
Начин на подготовка:

Ставете ги парчињата јаболко во тава за печење и потоа врз нив посипете го шеќерот и циметот. Брашното и пецивото измешајте ги со јајцето и оваа смеса посипете ја врз јаболките. На крајот додадете го растопениот путер. Печете на температура од 160 степени во времетраење од 45 минути, додека јаболките не добијат златна боја.


Нема да можете да одолеете на мирисот и вкусот!

No comments:

Post a Comment