Wednesday, May 25, 2016

Авокадо 6+ месеци



Авокадото заради својата структура и кремавост е одлично за воведување уште во почетокот на дохраната на бебињата, односно од 6+ месеци.
Авокадото често го нарекуваат  „совршена храна“ на природата, бидејќи може да се рече дека содржи се што човек треба да се преживее. Одличниот состав кој содржи  "добри масти" е храна за мозокот на бебето и физичкиот развој, па затоа погрижете  се авокадо да го внесете во првите намирници во бебешката  храна, наместо на рафинирани житарици.



Месни протеини, масни киселини, витамини и минерали, сите тие се наоѓаат во едно овошје. Авокадото содржи многу калиум, а заедно со натриумот што го внесуваме преку солта ги штити артериите од оштетување. Солта што ја внесуваме во големи количини претставува ризик за срцето и кардиоваскуларниот систем, а внесувањето на авокадо кој ризик се елиминира во голема мера.
Фолната киселина во едно авокадо е претставува 23% од дневните потреби и игра главна улога во заштитата на срцето, а кај бремените жени е многу битна бидејќи спречува плодот да добие било какви аномалии.

Комбинациите кои можете да ги правите со ова овошје се безбројни, токму поради неговата структура и неутралниот вкус. Можете да го комбинирате со банана, круша, јаболко, да го давате како  baby finger food исечено на резанки, да направите вкусен и здрав намаз во кој ќе додадете малку лук и пиперка. Комбинирајте со она што вашето бебе или дете сака да го јаде.

Кога купувате авокадо за да знаете дали е зрело, притиснете. Треба да е благо меко. Ако купите поцврсто авокадо, слично како и бананите, оставете го да созрее. Ако не го користите целиот плод за еден оброк, половината која ќе ви остане ставете ја во фриижиред, но не ја вадете семката и добро завиткајте во пластична фолија.

No comments:

Post a Comment