Thursday, May 26, 2016

Кормид 6+ месеци

 Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Постојат неколку сорти од овој тркалезен зеленчук: жолт, црвен (полулут и поблаг), бел, бисерен и благ кромид. Тој се употребува како додаток или зачин во сите светски кујни. 

Може да се најде во свежа, замрзната, конзервирана и дехидрирана состојба, како и во прав. Овој зеленчук може да се користи во речиси секој вид на храна. Може да се јаде пржен или свеж во салати, но и како зачин. Во зависност од врстата, кромидот може да биде со остар или благ вкус.
Кромидот е многу здрав зеленчук. Луковицата од кромидот содржи вредни лековити материи и може да се користи како природен лек за многу заболувања.
Во исхраната се користи преку цела година: млад (зелен) кромид, во пролет, млади главици кромид, преку летото и зрел кромид во зимата.
Од хранливи состојки кромидот содржи многу јагленохидрати, во мали количини растителни белковини и масти. Но, вистинската вредност на кромидот во исхраната потекнува од содржината на витамини и минерали. Тој е вистинска ризница на витамини, минерали, олигоелементи, билни хормони... Содржи калиум, сулфур, витамини Б1, Б2, Ц, К, П, бета каротин. Кромидот во организмот дејствува слично како инсулинот.
Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања, од обична настинка, па сè до срцеви заболувања, дијабет, остеопороза, реума и некои други болести. Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерогени и антиоксидативни својства. Едно од тие хемиски соединенија, на кое му се препишуваат многу корисни својства е кверцетинот.
Кромидиот е здрава храна и природен лек.

Кромидот во исхраната на бебињата се воведува на почетокот, односно на 6+ месеци. Се користи најчесто како зачин на бебешките зеленчукови кашички и искуството на мајките покажало дека тие уживаат во вкусот. 

No comments:

Post a Comment