Wednesday, May 25, 2016

Тиква 6+ месеци



Тиквата е одамна позната како симбол за регенерација и долговечност.
Меснатиот дел од плодот на тиквата изобилува со бета каротен и витамин Е. Тие се силни антиоксиданси и се важни за превенција и борба против ракот.
Благодарение на целулозата која ја содржи тиквата, таа поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на организмот од штетните отпадни материи.

Тиквата е добар лаксатив и помага при лекувањето на воспалителните промени на цревата и го спречува ракот. Се препорачува и за лекување на акните.
Богатството на природно избалансираните витамини и минерали во ткивата придонесува за зајакнување на отпорноста на телото и за поголема ментална свежина и виталност.
Семките од тиква содржат околу 30% незаситени масни киселини и богати се со минерали, као железо, цинк, фосфор и селен, кои се јаки антиоксиданси.
Најважното лековито декство на маслото од семки од тиква е подобрување на функцијата на простатата. Се препорачува да се користи како нерафинирано масло за салата и да биде често присутно во исхраната кај мажите.

Покрај тоа, маслото од семките од тиква влијае и на зајакнувањето на потенцијата, го забрзува постоперативното закрепнување и ја подобрува и општата состојба на организмот.
Со грицкање на семки од тиква се внесуваат многу здрави хранливи материи: протеини, незаситени масни киселини, растителни влакна, витамини и минерали.
Од плодот може да се подготви супа, пире, разни слатки, пити, колачи, леб. Нјачесто ја јадеме печена, понекогаш зачинета со ореви и мед.
Во бебешката исхрана се воведува во почетокот на дохрната односно на 6+ месеци. Може да се коминира со зеленук и овошје. Може да ја печете или да ја зготвите на пареа. Комбинациите се бескрајни, а бебињата ја сакаат.


No comments:

Post a Comment