Thursday, May 26, 2016

Морков 6+ месеци


Морковот е зеленчук кој слободно може да се каже дека е „рудник на хранливи материи“.Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, бидејќи содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Морковот има изразено антимикробно (антибиотско) дејство.
Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Морковот потекнува од Авганистан, а во текот на историјата е пренесен во сите земји во светот. Тој се користи за исхрана во текот на целата година.



Интересно е дека денес постои морков со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова... Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот. Најчесто се користи коренот, но може да се користат и листовите од морковот, но претходно сварени.
Морковот во себе содржи многу витамини и минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.
Содржи: витамини Б1, Б2, многу каротен (провитамин А), витамин Г, витамин Х (биотин), етерско масло, шеќер, пектин, пантотенска и јаболкова киселина, фитостерин, аспарагин, глутамин, пентозин, скроб, целулоза, слуз, белковини, минерални соли, посебно калиум.


Морковот во исхраната се користи: свеж (како салата), варен или обарен (како додаток во супи, во чорби, во јадења без месо или со месо). Се користи и како зачин. Тој се користи и во зима, бидејќи лесно се чува (во фрижидер, во замрзнувач, во подрум).
Бидејќи морковот содржи малку калории, а многу корисни состојки, често се користи во диеталната исхрана и во исхраната на децата. Многу е здрав свежиот сок од морков, било да се консумира сам или со друг сок. Сокот од морков се користи и за облоги во третманот на некои кожни болести.
Бројни истражувања докажале дека морковот има улога на „чистач“ на организмот. Тој го чисти организмот од штетните материи кои настануваат со лошата исхрана и со делувањето на загадената животна средина и разните зрачења.


Во Норвешка, морковот им се препорачува на децата во вид на „Осло појадок“, бидејќи се смета дека помага во отстранувањето на заморот, во подобрувањето на концентрацијата, помага за подобро учење и подобар успех во школото.
Морковот е корисна намирница и добар природен лек за превенција и лекување на многу болести. Бидејќи е корисна, ефтина и пристапна намирница, морковот треба често да се користи во исхраната.
Морковот во дохраната на бебињата се воведува на почетокот, односно на 6+ месеци, некогаш и како прв оброк.


No comments:

Post a Comment