Thursday, May 26, 2016

Цвекло 8+ месеци

Цвеклото е лековит зеленчук кој ја стимулира размената на материите во организмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Цвеклото содржи големи количини на витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротин, како и минерали: калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод...

Цвеклото е најдобро средство за подмладување и ревитализирање на организмот, ја зацврстува кожата, ги јакне коските, ги елеминира отровните состојки од организмот, ги неутрализирана вишокот на желудечни киселини, а на тој начин ги искористува и белковините, активира создавање на црвени крвни зрнца , ја подобрува косата, ноктите, го решава запекот, го подобрува расположението.
Ако сте вегетаријанец, цвеклото е идеално за вашата исхрана, бидејќи содржи кобалт, кој учествува во стварањето на витаминот Б12, кој вегетаријанците не го внесуваат доволно.
Иако цвеклото не е богато со железо, често им се препрачува на анемичните лица, бидејќи ги штити црвените крвни зрнца и ја зголемува еластичноста на крвните садови, со што се подобрува и циркулацијата на крвта во организмот.
Цвеклото е идеално за регулирање на крвниот притисок и го намалува зголемениот холестерол во крвта.



Цвеклото изобилува и со силициум, кој што го појачува сврзното ткиво во организмот, изобилува со фолна киселина и калиум.


Како препорака секогаш цвеклото јадете го во свежа состојба - сирово. Сите оние кои не можат да го комзумираат цвеклото во свежа форма, можат да пијат сок од природно цедено цвекло, во комбинација со разноврсно овошје и зеленчук.
Во случај да имате проблеми со камен во бубрегот или патите од остеопороза, немојте да претерувате со внесот на цвекло, бидејќи тоа ја намалува апсорпцијата на калциумот во организмот.
Ако имате домашно цвекло, нетретирано може да го воведете на почетокот на исхраната односно на  6+ месеци. Ако користите купено, чие потекло не знаете, тогаш најдобро е да го воведете на 8+ месеци.
Цвеклото можете да го печете или да го сварите, а подоцна и свежо да го давате. Пред да го готвите убаво измејте го и гответе го заедно со лушпата бидејќи така ќе ги зачувате хранливите материи и прекрасната боја. Можете да правите разни комбинации. Можете со зеленчук, а вкусна комбинација е ако додадете и свежо јаболко.


No comments:

Post a Comment