Ви благодариме што го одбравте блогот Здрава храна,
здрави деца.
Наменет е да ви даде информации за воведувањето
на дохраната кај бебињата и совети за здрава исхрана на вашите деца. Целта е да
ви го олесниме секојдневието со корисни совети и разни рецепти и да ви
помогнеме да ги најдете одговорите на најчестите прашања кои ги мачат
родителите, а се поврзани со исхраната на бебињата и децата.
Здрава храна, здрави деца е блог чија цел е да ја
подигне свеста за наметнување на здрави навики во исхраната уште во самите
почетоците ( од бебиња 6+ месеци). Наменета е за сите кои сакаат да научат
нешто ново и да прочитаат совети за здрава исхрана.
Пред да започнете да го користите овој блог, важно
е да знаете дека иако содржината е според препораки од разни извори, мора да се
консултирате со педијатар или стручно лице кое најдобро знае кога и како се
започнува со воведување на цврста храна кај бебињата.
Воведување на цврста храна кај бебињата
Пред да воведете цврста храна кај вашето бебе, важно е да
се консултирате со педијатар или стручно лице.
Институтот за јавно здравје на Република Македонија во „ПРИРАЧНИК
ЗА ПРАВИЛНА ИСХРАНА НА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА“ советува:
Актуелните препораки за доење сугерираат ексклузивно
доење во првите 6 месеци од животот, а потоа започнување со дохрана. Иако
дохраната може да почне порано, сепак таа не треба да започне порано од 17-та
недела од животот на бебето.
Тоа е многу важно да се знае од следните причини:



Сепак, дохранувањето не треба да започне и подоцна од 6
месеци затоа што:





Бебето е подготвено за дохранување доколку:





Нешто што е многу важно и што треба да се знае е дека
дохранувањето треба да почне кога детето е потполно здраво.
Ако веќе сте се советувале со педијатар, тогаш:
Првите неколу месеци од својот живот, бебето е исклучиво
на мајчино млеко или адаптирано млеко. Откако ќе наполни 6 месеци, ќе треба да
се започне со специјална исхрана со дополнителна нутритивна вредност и калории
кои ќе ги добие преку цврстата храна.
Цврстата храна е предвидено да биде дохрана, односно не
треба да се прекине со доењето или давањето на адаптирано млеко.
На почетокот од воведувањето на дохраната важно е да знаете
дека таа не е наменета да го нахрани вашето бебе колку што е важно да го научи
бебето да јаде, да се научи на новите вкусови и новата структура. Кога за прв
пат ќе му дадете на вашето бебе да јаде можеби ќе ви изгледа дека плука или
дека не јаде или голта правилно. Затоа е важно да бидете свесни дека јадењето е
вештина како и седењето или одењето и таа треба да се научи како и секоја друга
вештина. Тука трпеливоста и упорноста
треба да бидат приоритет.
Бебето мора да научи како да џвака храна ( или буквално
да ја шматка додека не научи правилно да јаде), да ја движи храната во уста со
јазикот, да ја турне во грлото и да ја голтне. Вештината како да јаде бара
време да се совлада, па бидете трпеливи додека вашето бебе научи.
Важно е да ја вежба оваа вештина околу 6-7иот месец од
неговиот живот. Тој период е наменет за да вежба и учи, па цврстата храна ќе
биде наменета за тоа, додека подоцна веќе ќе стане потреба и начин за добивање
дополнителна нутритивна вредност и калории. На 8-9 месечна возраст кога ќе започне
да се движи и лази ќе има потреба од дополнителни калории кои ќе ги добива
преку дохраната, односно ќе ја надокнадува енергијата преку цврстата храна.
Цврстата храна и не е навистина цврста!
No comments:
Post a Comment