Tuesday, May 24, 2016

Зашто НЕ за шеќерот во бебешката храна?

Децата го сакаат слаткиот вкус на храната и сакаат често да ја јадат.
Храната која содржи многу шеќер како и пијалоците со шеќер се богат извор на „празни калории“; во себе носат многу енергија, а се без никаква хранлива вредност. Најчесто оваа храна/производи се причина за зголемена телесна тежина и здебеленост кај децата и претставуваат ризик-фактор за натамошни заболувања.
Производи со висока содржина на шеќер во својот состав се: бонбони, слатки, торти, колачи, безалкохолни пијалаци со шеќер, чоколадо.
Се препорачува ваквата храна да се избегнува и да не им се дава многу често на децата. Најдобра замена за неа е јадењето овошје, додавањето свежо или сушено овошје (природно сушено) во подготовката на десерти за децата и овошни сокови без шеќер или обична вода за пиење, во замена за пијалоците со шеќер.


Некои производи или пијалоци може да се засладуваат со мед, кој содржи биоактивни материи и е добра храна за децата. Медот може да им се дава на децата по навршена една година.
Пијалоците кои содржат засладувачи (нискоенергетски пијалаци без шеќер) не треба да им се даваат на децат
Оштетувањето на забите,кариес, се појавува кога бактериите на површината на забите ги претвораат шеќерите во киселини. Таа киселина ја напаѓа површината на забите. Децата се поподложни на овие оштетувања бидејќи новоформираните заби се почувствителни на оштетување од киселина. Честото јадење производи кои содржат шеќер е поврзано со појавата на кариес.


Неколку насоки:

На храната која му се дава на бебето не треба да ѝ се додава сол или шеќер;
Бебињата треба да се поттикнуваат да ги пробаат и фамилијарните оброци подготвени за другите членови на семејството кои можат да бидат адаптирани за бебето. Притоа, важно е да се спомене дека во тие јадења не треба да биде додадено сол или шеќер при подготовката.
Честото консумирање храна и пијалоци со шеќер може да доведе до оштетување на првите заби. Заради тоа, треба да се избегнува додавање шеќер во храната за бебиња или пак давање многу слатка храна, како бисквити или десерти, за време на дохранувањето;
Групата на шеќерни концентрати и слатки треба да се ограничи, со цел да се спречи појавата на зголемена телесна тежина или здебеленост кај децата.
Изборот на зеленчук и овошје најдобро е да се комбинира според соодветната сезона. Може да се јаде сирово во вид на салати, додадено во супи, варено како додаток или како десерт. Може да се комбинира со некои теста, пудинзи, напитоци. Кога не може да се обезбеди свеж зеленчук или овошје, можат да се користат замрзнати или конзервирани, без шеќер или сол.


No comments:

Post a Comment