Wednesday, May 25, 2016

Како да ја замрзнете домашно приготвената бебешка храна?

Понекогаш немаме време да приготвиме свежи оборци, па затоа е добро да имаме залиха во замрзнувачот за да си го олесниме секојдневието, а сепак да дадеме домашна храна. Тука може да прочитате неколку методи како правилно да ја замрзнете бебешката храна.


 Прв метод

Добро измијте ги калапите за мраз. Најдобро е да земете нови само за таа намена и тоа колку поголеми, толку подобри. Ако најдете со капак уште поидеално, бидејќи ќе спречите да го попримат мирисот на замрзнувачот. Ако не најдете со капак, тогаш завиткајте ги со фолија, но внимавајте може да се залепи и да остане на коцката.
Испасирајте ја саканата храна, овошје или зеленчук или комбинација и со чиста лажичка ставајте во коцките за мраз се додека не ги наполните. Ставете ги во делот за брзо смрзнување и откако ќе замрзнат, ставете по неколку коцки, во зависнот од количината која бебето ја јаде во кесички кои имаат патент или обични кесички кои убаво ќе ги затворите.
Овој метод е практичен бидејќи можете да замрзнувате мали количини и е полесно да пресметате колку е потребно за еден оброк отколку да замрзнувате големи количини!

 Втор метод

Постапката е скоро иста, но наместо калапи за мраз можете да користите калапи за правење мафини.

 Трет метод

Бебешката храна може да се замрзне во теглички кои имаат специјална намена за тоа. Можете да ги најдете во продавниците за бебешка опрема. Не замрзнувајте храна во стаклени тегли освен ако произведувќот не ги наменил и за таа постапка.  Особено не замрзнувајте во веќе искористени теглички од готова бебшка храна бидејќи не се сигурни.



Дали ова се сигурни  методи?               
Постојат специјални калапи за замрзнување кои се наменети за бебешка храна. Ако мислите дека обичните калапи можат да наштетат на храната тогаш купете такви, иако времето поминато на храната во калапите е кратка, односно додека не замрзнат. Денес изборот е голем и можете да најдете соодветни садови за замрзнување на храната по добра цена

Колку време смее да седи бебешката храна во замрзнувачот?

Мајките најчесто ја замрзнуваат бебешката храна за да си го олеснат секојдневието, односно не секогаш се во можност да подготват храна во дадениот момент, а не сакаат да користат готови производи. Некогаш немаат време, некогаш треба да го остават бебето на друг да го чува, а се случува и времето поминато над шпоретот да го искористат за прошетка со децата. Се е тоа во ред и сосема нормално. Иако ретко која мајка прави залихи за долг период, обично замрзнатата храна се користи за неколку седмици, сепак ви направивме табела која храна колку време смее да стои во замрзнувачот:
  •        Зготвен зеленчук и испасиран во пире 6-8 месеци
  •        Зготвено овошје и испасирано во пире 6-8 месеци
  •        Телешко и јагнешко 4-6 месци
  •         Живина 4-6 месеци
  •         Бела риба 6-8 месеци
  •         Масна риба
  •        Сецкана сланина и мелено месо 2-3 месеци
  •        Супи сосови 3 месеци
  •       Леб 2-3 месеци



Неколку совети пред да ја замрзнете храната:
Нема потреба од стерилизација ако бебето е 6+ месеци и садовите во кои ќе замзнувате не се во допир со млечни продукти, но осигурајте дека се сосема чисти
Проверете дали замрзнувачот ја има неопходната темература ( под -18°C)
Секогаш оладете ја храната пред да ја замрзнете
На кесичките или тегличките во кои ја замрзнувате храната секогаш залепете ливче на кое ќе ја запишете датата.
Ако замрзнувате храна за поголеми деца, користете интересни калапи, а коцките можете да ги ставите во свежо исцеден сок
Истата постапка можете да ја користите за да замрзнете домашен и здрав сладолед од овошје, па и зеленчук. Можете да купите специјални модли или само да ставите стапче во оние што ги имате.


Храна која не се замрзнува:

  • Тврдо варени јајца  
  • Живи јајца во лушпа 
  • Воденкасти овошја и зеленчук како: лубеница, зелена салата, диња, краставица 
  • Лиснати билки како босилок 
  • Сосови чија основа се јајцата како мајонезот
  • Млечни производи со ниско ниво на масти како: обичен јогурт, урда

Совети за одмрзнување и подготовка на смрзнатата храна:

  • Загрејте ја целосно замрзнатата храна, а потоа дозволете да се олади пред да ја послужите
  • Слободно замрзнете веќе замрзната па зготвена храна (пример:од одмрнзатото пилешко месо сте подготвиле оброк, а остатоците можете повторно да ги замрзнете) 
  •  Подгревајте онолку храна колку што мислите дека ќе биде доволна за бебешкиот оброк


Совети за одмрзнување и подготовка на смрзнатата храна:

  • Храната треба да се изеде истиот ден кога била одмрзната 
  • Топлете ја докрај храната за да бидете сигурни дека се уништени можни бактерии 
  •  Не замрзнувајте живо месо кое веќе било одмрзнато 
  • Не подгревајте повеќе од еднаш веќе одмрзнат и подгреан

No comments:

Post a Comment