Thursday, May 26, 2016

Нов апдејт на апликацијата Бебе Готвач

Сите оние кои веќе ја имаат инсталирано апликацијата Бебе Готвач на своите андроид уреди знаат дека таа содржи кошничка за намирници со која може да се обележат намирниците во рецептите кои се потребни за набавка.
Она што е ново е опцијата да го испратите списокот со намирници од кошничката на оној кој е задолжен за пазарувањето. Отсега нема да имате проблем со заборавање на некои од производите кои ви се потребни да ги подготвите вашите оброци.


Опциите кои ви ги нуди апликацијата се испраќање преку ФБ, пораки, а најдобро е што можете да го копирате списокот и да го испратите преку смс порака.

No comments:

Post a Comment