Wednesday, May 25, 2016

Прва македонска андроид апликација за здрава исхрана „Бебе Готвач“

Долгонајавуваната апликација конечно достапна за сите корисници на андроид уредите. Ние сме горди што уше на самиот почеток одлично е прифатена, особено од мајкте кои сека имаат едно „помагало“, секогаш и секаде достапно. Првата македонска андроид апликација „Бебе Готвач“, има за цел да ви ги направи достапни рецептите за здрава исхрана на најмалите. 




Апликацијата Бебе Готвач содржи рецепти поделени по месеци уште од самиот почеток на дохраната од 6-месечна возраст, па нагоре. Содржи табели за дохрана поделени по месеци кои ќе им помогнат на мајките во правилно воведување на нови намирници за соодветната возраст на нивното дете.
„Апликацијата „Бебе Готвач“ ја работиме волонтерски, од љубов кон децата, мотивирани од непроценливото значење на правилната и здрава исхрана во градењето на здрави деца“,  велат  авторките на апликацијата - Ирина Наков, Eлена Петковска и Весна Ѓурковска Каеска кои воедно се и администраторите на Facebook групата „Здрава храна, Здрави деца“.
Тие велат дека при изработката на тргнале од сопственото искуство и дилеми во врска со дохраната на бебињата. Апликацијата е програмирана од Александар Јордановски, андроид програмер.

Сите рецепти и табели за дохрана се собирани од брошури за правилна исхрана на бебиња, готвачи за бебиња, искуства на други мајки и што е најважно се во согласност со препораките од Прирачникот за правилна исхрана на доенчиња и мали деца издаден од Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија  и неговата препорака за започнување со исхрана по шестиот месец од раѓањето на бебето.

Апликацијата исто така нуди планер за неделни мениа кои ќе го олеснат секојдневието на секоја мајка и со кои нема да треба да размислуваат што да зготват во денот. Исто така содржи кошничка за намирници со која може да се обележат намирниците во рецептите кои се потребни за набавка.
Во овој момент „Бебе Готвач“ е достапна само за андроид уреди, но нејзините креатори се надеваат дека набрзо ќе имаат можност да ја адаптираат и за ios.



Апликацијата Бебе Готвач ви нуди над 160 рецепти поделени по соодветни месеци и може да ја преземете од Google Play Store https://play.google.com/store/apps/details?id=com.bebegotvach

Авторите планираат понатамошен развој на апликацијата во насока а зголемување на бројот и  информациите. Се работи  на информациите кои се поврзани со начинот на исхрана и нутритивни вредности на храната и со рецепти за големи деца кои секако можат да се консумираат и од возрасни.



No comments:

Post a Comment