Wednesday, May 25, 2016

Подготовка на житарки


Кога станува збор за житарките, родителите најчесто имаат прашање како се подготувуваат. Во овој пост кратко е објаснет соодносот на секоја житарка и вода потребна за нејзина подготовка, како и времето на подготовка. Житарките се набројани според соодветните месеци за воведување во бебешката исхрана.



Безглутенски житарки кои можат да се воведат на почетокот од дохраната на бебињата се: просо, гриз од просо, ориз, гриз од ориз, амарант, киноа, палента или пченкарен гриз.


  • Просо: се готви во сооднос 3:1, околу 15-20 мин. Претходно се чисти и мие од можни нечистотии, а може и претходно да тостира
  • Гриз од просо: се готви во зовриена вода како и секој друг гриз со тоа што количински се става нешто повеќе од вообичаениот гриз затоа што не набабрува како пченичниот
  • Ориз ( било кое зрно) се готви во сооднос 3:1, 15тина минути
  • Гриз од ориз: се подготвува во зовриена вода како и било кој друг гриз
  • Амарант: се готви во сооднос ос вода 3:1 околу 30-40 минути и готов е кога водата ќе се упие и се добие слузава структура и кафена боја
  • Киноа: се готви во сооднос со вода 2:1 околу 25 минути но пред да ја подготвите мора да ја измиете во малка вода
  • Палента или пченкарен гриз: се подготвува во зовриена вода како и било кој друг гриз

 
Глутенски житарки кои можете да ги воведете по наполнети 8+ месеци во бебешката храна се: спелта, јачмен, рж, гриз од спелта, пченица, пченичен гриз, овес, булгур, кус-кус
  • Спелта: се готви 1 час во сооднос со вода 2:1
  • Гриз од спелта: се подготвува во зовриена вода како и било кој друг гриз
  • Пченица: се готви 1 час во сооднос со вода 2:1
  • Пченичен гриз: се подготвува во зовриена вода како и било кој друг гриз
  • Овес: се готви 1 час во сооднос со вода 4:1
  • Рж: се готви 1 час во сооднос со вода 2:1
  • Јачмен: се готви 45 минути до 1 час во сооднос со вода 2:1
  • Булгур: се готви во сооднос со вода 2:1 околу 10-15 минути
  • Кус-кус: не се готви туку се полева со зовриена вода во сооднос 2:1 и се остава поклопено да отстои 10тина минути

 

Житарка која се воведуваат по 12тиот месец цо исхраната на бебињата бидејќи може да биде алергена и е практично енергетска бомба е хељдата.
  • Хељда; се готви во сооднос со вода 2:1 околу 20тина минути
Напомена:

Спелтата, ржот, јачменот, овесот, пчениицата и хељдата се потопуваат во вода и се оставаат да остојат 12 часа пред да ги готвите

Снегулки од споменатите житарки, можат, но не морааат да се готват пред употреба

No comments:

Post a Comment