Кога станува збор за житарките, родителите најчесто имаат прашање како се подготувуваат. Во овој пост кратко е објаснет соодносот на секоја житарка и вода потребна за нејзина подготовка, како и времето на подготовка. Житарките се набројани според соодветните месеци за воведување во бебешката исхрана.

Безглутенски житарки кои можат да се воведат на почетокот од дохраната на бебињата се: просо, гриз од просо, ориз, гриз од ориз, амарант, киноа, палента или пченкарен гриз.
- Просо: се готви во сооднос 3:1, околу 15-20 мин. Претходно се чисти и мие од можни нечистотии, а може и претходно да тостира
- Гриз од просо: се готви во зовриена вода како и секој друг гриз со тоа што количински се става нешто повеќе од вообичаениот гриз затоа што не набабрува како пченичниот
- Ориз ( било кое зрно) се готви во сооднос 3:1, 15тина минути
- Гриз од ориз: се подготвува во зовриена вода како и било кој друг гриз
- Амарант: се готви во сооднос ос вода 3:1 околу 30-40 минути и готов е кога водата ќе се упие и се добие слузава структура и кафена боја
- Киноа: се готви во сооднос со вода 2:1 околу 25 минути но пред да ја подготвите мора да ја измиете во малка вода
- Палента или пченкарен гриз: се подготвува во зовриена вода како и било кој друг гриз

Глутенски житарки кои можете да ги воведете по наполнети 8+ месеци во бебешката храна се: спелта, јачмен, рж, гриз од спелта, пченица, пченичен гриз, овес, булгур, кус-кус
- Спелта: се готви 1 час во сооднос со вода 2:1
- Гриз од спелта: се подготвува во зовриена вода како и било кој друг гриз
- Пченица: се готви 1 час во сооднос со вода 2:1
- Пченичен гриз: се подготвува во зовриена вода како и било кој друг гриз
- Овес: се готви 1 час во сооднос со вода 4:1
- Рж: се готви 1 час во сооднос со вода 2:1
- Јачмен: се готви 45 минути до 1 час во сооднос со вода 2:1
- Булгур: се готви во сооднос со вода 2:1 околу 10-15 минути
- Кус-кус: не се готви туку се полева со зовриена вода во сооднос 2:1 и се остава поклопено да отстои 10тина минути

Житарка која се воведуваат по 12тиот месец цо исхраната на бебињата бидејќи може да биде алергена и е практично енергетска бомба е хељдата.
Спелтата, ржот, јачменот, овесот, пчениицата и хељдата се потопуваат во вода и се оставаат да остојат 12 часа пред да ги готвите
Снегулки од споменатите житарки, можат, но не морааат да се готват пред употреба
- Хељда; се готви во сооднос со вода 2:1 околу 20тина минути
Спелтата, ржот, јачменот, овесот, пчениицата и хељдата се потопуваат во вода и се оставаат да остојат 12 часа пред да ги готвите
Снегулки од споменатите житарки, можат, но не морааат да се готват пред употреба
No comments:
Post a Comment