Wednesday, May 25, 2016

Маслиново масло

Маслинката е библиска билка, позната од многу одамна и се споменува во Библијата како симбол на мир и добронамерност, но и како симбол на животот и надежта. За старите народи, маслинката била симбол на мудроста. Ова зелено овошје успева само во јужните, топли краеви, бидејќи веќе на 10 степени Целзиусови угинува.
Првите маслинки се насадени речиси пред повеќе од 6000 години, и од тогаш се високоценети во исхраната, медицината и козметиката. Најценет е плодот на маслинката, кој се јаде сиров или конзервиран. Но, маслинката својата популарност ја стекнала и поради маслото, кое се наоѓа во нејзиниот плод.


 Плодовите на маслинката содржат дури 35% масло, кое не е само зачин, туку и природен лек. Поради неговите благотворни својства, маслиновото масло се нарекува и „медитеранско злато”
Маслиновото масло е богато со мононезаситени масни киселини или MUFA's кои помагаат во намалување на холестеролот во крвта и го контролираат нивото на инсулин. Консумирањето на повеќе од четири лажички маслиново масло на ден има голема веројатност дека може да го намали ризикот од срцев и мозочен удар.
За вредноста на ова масло да биде поголема, направена е студија на над 6000 жени на возраст од над 65 години, а резултатите биле дека жените кои во својата исхрана имаат повеќе монозаситени масти  кои ги има во маслиновото масло имаат многу подобри здравствени резултати на подолг рок отколку останатите.



Научниците најпосле со сигурност утврдиле зошто медитеранската храна, која е богата со овошје, зеленчук и маслиново масло, може да им помогне на жените во спречување на настанувањето и во лекувањето на ракот на дојката.
Квалитетното маслиново масло има благо-горчлив вкус, зеленкаста боја и има мирис на овошје. Тешката миризба на маслиновото масло е знак за неквалитетно и застарено масло.

Се разликуваат 3 врсти на маслиново масло:

Девствено маслиново масло (olio vergine) – најздраво и најквалитетно маслиново масло, кое се добива со првото ладно цедење на здравите маслинки, при што семката на маслинката не смее да се здроби. При постапката на цедење не смее да дојде до употреба на топлина, па е дозволено само т.н. „ладно цедење“. Девственото маслиново масло има под 1% слободни масни киселини.

Нутриционистите, екстра-девственото маслиново масло, го сметаат за многу здрава храна, богата со хлорофил, каротин, лецитин (природен антиоксиданс го стимулира метаболизмот на мастите, шеќерите и белковините), полифеноли (антиоксиданси) и есенцијални витамини D, Е и K.

„Provence“ масло (наречено по југоисточното подрачје на Франција, каде и се одгледува) – Тоа е масло од втор квалитет, чие цедење оди се до згмечување на семките на плодот, но и при оваа постапка на цедење не се употребува топлина.

Дрвено маслиново масло е масло со најслаб квалитет, а се добива со повторно цедење на остатокот по произведувањето на „provence“ маслото и под дејство на топлина. Тaка добиеното масло се користи исклучиво за производство на сапуни и за технички масла.
Мирисот и вкусот на девственото и „provence“ маслото се многу пријатни, што неможе да се каже и за т.н. „дрвено масло“.
Девственото маслиново масло е многу здраво бидејќи содржи во себе многу корисни нутритиенти, кои се јаки антиоксиданси. Поради тоа, на маслиновото масло му се препишуваат и антиканцерогени својства.
Extra-virgin процесот зависи од место до место. Овој процес на производство опфаќа буквално гмечење и цедење на маслинките за добивање на маслото. Никаква хемија не смее да биде вмешана. Законите во Европа во врска со означувањето на extra-virgin маслиновото масло се далеку построги од Америка. Таму, американците немаат стриктни регулации, па можни се фарбања и хемиски мешања од страна на компанијата со што се нарушува квалитетот на маслото.

Како да знаете кое масло е добро и како од огромниот избор кој го има во маркетите да го одберете најквалитетното и најсоодветното?
Маслиновото масло најдобро е да се купува од произведувач кој има сертификат.
Маслата на кои не е наведен рокот на траење најчесто долго стојат на полиците, а тоа им го расипува вкусот. По правило, маслиновото масло не треба да биде постаро од една година.

При изборот одлучете се за маслиново масло на кое е наведена киселост не поголема од 0,5 отсто. Така ќе бидете сигурни дека маслинките се обработени непосредно по бербата. Квалитетот се препознава и на вкус, тоа треба да биде горчливо. Но и по миризбата, се разбира, треба да почувствувате силна миризба на маслинки или трева.
Маслиновото масло е осетливо на топлина и светлина па затоа кога пазарите одберете темно зелено шише кое ќе го заштити од светло и чувајте го на студено место. Доколку е оставено на топлина или светлина тоа губи од неговите важни состојки и станува помалку вредно. Дома пак претурете го во мало шишенце и чувајте го во шкафот што подалеку од шпоретот или каков било друг извор на топлина и светлина. Останатиот дел од маслиновото масло сместете го на температура од 14 или 15 степени.
Најквалитетните маслинови масла доаѓаат од Италија. Но сепак, ако купувате италијанско маслиново масло, проверете на етикетата дали тоа навистина е произведено во Италија. Се случува под италијанска етикета производството на маслото да биде во Шпанија или Израел.

Пластиката е штетна за чување на маслиновото масло. Па во изборот на квалитетно маслиново масло, може да тргнете токму оттука.

No comments:

Post a Comment