Tuesday, May 24, 2016

Алергена храна и зачини: кога се воведуваат?

Светот се движи напред, секојдневно се соочуваме со нови изуми, учиме да бидеме во чекор со новот време. Препоркаите од одредени области кои до вчера биле прифатливи за сите, денес веќе не важат. Така и со исхраната, особено по бробата на многу земји со гојазното население, советите за здрави навики се нови.
Кога се зборува за бебешката исхрана, новите истражувања диктираат сосема нови норми, особено за храната која се смета за високо алергена и се препорачува да се внесе што подоцна на бебешкото мени.
Експертите препорачуваа да се почека со внесување на храната која се смета за алергена барем додека бебињата не навршат една година, па родители низ целиот свет прават листи што смее, а што не да дадат на своите деца, а најчесто станува збор за јајца, јатки, кикирики, риба и морски плодови.
Но, во 2008 година на Американската академија за педијатрија (ААП) објави извештај кој покажува дека истражувањето не го поткрепуваат ова.



"Не постои доказ дека со одложување на воведувањето на овие намирници после 4 до 6 месеци спречува алергии на храна", вели педијатар Френк Грир, поранешниот претседател на Комитетот за ААП за исхрана.
Во одредени случаи, сепак, ќе треба да се почека. Грир вели дека ако вашето дете покажува знаци на алергија (како што се егзема) на храна или нешто друго, треба да се почека и  да се консултираат со матичен педијатар или стручно лице за тоа кога да се воведат заеднички алергени.
Препораките за семејства со силни алергии и астма се секако поинакви и треба да сте претпазливи. Иако некои педијатри велат дека не мора да е поврзано, сепак се работи за бебиња и секогаш советувајте се со матичниот педијатар.
И на крај, се разбира, се се сведува на тоа што ќе одбере родителот. Ако помислата да дадете јајце на помала возраст ве прави нервозни, не давајте, одложете. Сепак се уште има многу експерти и педијатри кои не се сложуваат со новите истражувања.
Нема да згрешите ако високо алергените намирници ги одложите за подоцна односно по наполнета една година, бидејќи има доста различни намирници кои не се алергени и можат да се даваат порано. Така ќе му нудите разновидна, но и побезбедна храна на бебето.

Кога се воведуваат зачини во бебешката исхрана?

Додека бебињата во светот јадат храна со богат вкус, кај нас се уште се нудат еднолични кашички и кога бебињата се веќе спремни за повеќе намирници, односно за зачинета храна со зеленчук како кромид, лук, праз, пашканат, целер, магдонос, морков и слично.
Иако има многу дебати на оваа тема, дали смее или не, што е правилно, а што не, сепак треба да се земе предвид фактот дека на оваа тема нема истражување!
Во многу земји, бебињата не се хранат со кашички кои се направени само од една намирница. Наместо житарки од ориз кои се воведуваат како прва харана во бебешката исхрана во САД,  во Индија на пример не се ни размилува на тема смее или не да се додаде малку кари зачин во храната на бебето на порана возраст. Тајландски семејства често вклучуваат кокосово млеко, лимонова трева, тамаринд, па дури и чили кога ги хранат своите бебиња со цврста  храна. Латино бебиња се изложени на вкусот на прекрасните билки и зачини како ким, магдонос, па дури и лути пиперки!


„Идејата дека бебињата мора да јадат bland ( што во буквален превод е бљуткава, невусна, еднолична) храна е мит кој некои родители и педијатри се уште го третираат како најнормална препорака“ - вели педијатарот Сузана Блок од Сиетел.  Едноставно нема истражување кое ова ќе го поткрепи, додава таа.
Од друга страна кулинарското патување на бебињата кои искусиле повеќе вкусови одеднаш не им штети, особено на доените бебиња кои веќе „го поминале патот“!
„Ако решите да излезете и да уживате во индиската кујна за вечера, а потоа го доите вашето бебе, тогаш знајте дека и тоа ќе ужива во вкусот на Индија“ вели Блок, па затоа нема логика бебе кое веќе осознало за други вкусови да го вратите на „бљуткава и еднолична“ храна.
Ако доите сигурно сте забележале дека по изедениот оброк со јак вкус бебето реагира. Некои од билките и зачините кои ги внесувате може да влијаат на вкусот на мајчиното млеко. Потребни се 4-6 часа откако сте го изеле оброкот за да зачините преминат во млекото.
Педијатарот Френк Грир, поранешниот претседател на Комитетот за ААП за исхрана оди дотаму и вели дека дури и зачинетата лута (spicy food) храна не им пречи на бебињата. „Не постои и не знам за евиденција која вели дека лутата храна им пречи на бебињата или има лошо влијание врз нив! Нивото на лутина ззависи од традиционалната кујна и тоа е културолошка работа.“ вели Грир.
Кога ќе ја подготвувате храна за бебиња во домашни услови, освен што ќе имате свежи оброци со намирници чие потекло го знаете, вие сте и во можност да експериментирате со различни вкусови и текстури за вашето бебе, и најдобро од сите, ќе имаат шанса да користите еден поширок спектар на состојки од она што се наоѓа во комерцијалната храна за бебиња.
Повеќето конвенционални марки на готова храна за бебиња не користат билки и зачини во кашичките, што е навистина срамота.
Искористете ги предностите на флексибилноста на домашно приготвената храна за бебиња и со секојдневна употреба на зачини и билки  „оживејте“ ја храна на бебето. Ова е прекрасен начин да му помогне на бебето да ги научи и прифати вкусовите, а и полесно да ја прифати домашната кујна, особено онаа која ја практикувате секојдневно.
Секако дека на почетокот на дохраната треба да давата чисти вкусови за бебето да може да ги почувствува убаво. Практикувајте го правилото 3-4 дена да давата една иста намирница за да исклучите реакција. Затоа пред да додадете зачини во бебешката исхрана добро е да знаете дека треба да додавате билки и зачини во веќе пробани вкусови, за да исклучите што предизвикало реакција. Не се даваат две нови намирници истовремено, ниту нова намирница и зачин за прв пат во ист ден.
Повеќето од бебињата можат да ги прифатат без никакви проблеми билките и зачините на возраст од 6-8 месеци. Ако бебето нека никакви дигестивни проблеми, постепено додавајте билки во неговата исхрана или зачини притоа практикувајќи го правилото како и за цврстата исхрана, 3-4 дена.
Препораката на повеќето педијатри да се почека со воведување на билки и зачини по 8 наполнети месеци е повеќе за да не се предизвикаат дигестивни проблеми отколку алергиски реакции.
Некои бебиња со нарушувања во варењето, или кои имаат состојби како што рефлукс или други дигестивни проблеми, можеби нема да толерира морско оревче, ѓумбир, лук и кари. Осигурајте се да додадете не повеќе од една лажичка зачин во нивната храна и ако имате било какви прашања во врска со билки и зачини, или ако вашето бебе има дигестивни проблеми, разговарајте со вашиот лекар прво. Важно е да не се посолува по храна за бебиња. Бубрезите на бебето се незрели и солта е премногу тешка за да ја процесираат. (Дури и возрасните немаат потреба да додаваат сол во нивната исхрана



Кои зачини ги прифаќаат бебињата?
Кога ќе се спомене зачинување на бебешката храна, родителите прво што помислуваат е шеќер и сол! Но зашто не размислите за воведување на зачини и билки во бебешката храна пред да додадете сол и шеќер?
Свежи или суви билки и зачини, изборот зависи од вас и секако спремноста на бебето и неговата возраст. Родителите кои вече вовеле зачини и билки на возраст од 6-8 месеци препорачуваат да г давате истите зачини и билки кои ги користите за поголемите деца, односно во секојдневната исхрана бидејчи така полесно ќе ја прифатат домашната кујна.
Користење на зачини и билки во храната на вашето бебе е одличен начин да се нудат интересни вкусови без употреба на шеќер или сол. Еве неколку зачини кои се сметаат за лесно прифатливи за бебињата:
-босилок, оригано, магдонос, лук, рузмарин, ѓумбир, ванила*, пипер, цимет, нане, анасон, морско оревче, копар, кари*, кора од лимон, мајоран.
* Чистата ванила и други течни вкусови / екстракти, во зависност од пазарот / земја каде што живеете, често содржат голема количина на алкохол. Алкохолот се користи за да се извлече и да се зачува вкусот на зачинот. Кога ќе ја користите ванилата во храната на вашето бебе, користете ванила стапче и не купувајте ванила на која пишува дека е чиста, бидејќи тие содржат алкохол. Може да се користи чиста ванила за додавање на храна ако готвите или печењете бидејќи тогаш испарува алкохолот.
* Да, можете да им ставите трочка кари во прав во оброкот на постарите доенчиња. Но бидете претпазливи и следете во случај на реакција и осип.
Зачините кои ги набројавме погоре можат да бидат одличен додаток во бебешката храна, особено е добро да ги употребувате ако домашната храна ја подготувате со многу зачини. Една од придобивките кои ќе ги имате е можноста да кажете и да бидете сигурни дека вашето дете сте го пораснале употребувајќи природни состојки за подобрување на вкусот на храната, наместо да употребувате сол и шеќер!
Алергиски реакции од билки и зачини се многу ретка појава со благи симтоми, но тоа не значи дека не треба да бидете претпазливи. Ако имате семејна историја на алергии предизвикани од храна или полен, прав, и слично, тогаш одложете ги овие билки и зачини за подоцнежна возраст:
-  цимет, семе од синап, целер, шафран, ким, коријандер, пипер.
Никогаш не додавајте било какви ароми и зачини во шишето со мајчино и АД млеко на вашето бебе!


No comments:

Post a Comment