Wednesday, May 25, 2016

Колку калории треба да внесуваат децата по оброк?

Уште од моментот кога ќе се родат, бебињата предизвикуваат лавина прашања, дилеми, забуни кај родителите, особено мајките. Една од најчестите дилеми на родителите е колку треба едно бебе, односно дете да изеде за да ги задоволи дневните потреби. Често се прашуваат која количина треба да ја дадат и колку калории да содржи оброкот. Додека бебињата, доносно децата се мали се грижат дали јадат доволно, но кога ќе пораснат, некои родители се сомневаат дека нудат премногу храна. Исто како и нејадењето, дебелината е денес глобален проблем. Затоа најдобро е да го следите бебето, односно детето и да процените кога е доволно.
Возрасните јадат по потреба, односно кога ќе почувствуваат глад, но со децата, особено бебињата тоа функционира поинаку бидејќи се се уште мали и не знаат да кажат кога се гладни.


За бебиња од 0- 12 месеци

Hasbro Children’s Hospital, проценува дека децата на возраст од нула до 12 месеци имаат потреба од  90 до 120 калории по килограм телесна тежина.
Според Центрите за контрола на болести Националната здравствена статистика за превенција, просечно 9 до 11-месечно бебе во САД тежи околу 9 до 10 килограми, во зависност од полот; малите момчиња обично се поголеми отколку кај девојчињата. Врз основа на овие упатства, 10-месечно бебе кое  тежи 9 килограми  има потреба 820 до 1.100 калории секој ден.
Според Министерството за земјоделство кое пресметало колку енергија му е потребно на едно бебе врз основа на полот, во просек, на 10-месечно машко бебе му се потребни најмалку 793 калории, а на 10-месечно девојче бара 717 калории дневно.


Нудете му на вашето бебе оброци или ужинки на неколку часа, и овозможете му да јаде додека не го наполни стомачето бидејќи тоа е многу повежно  од броење калории. Иако мислиме дека не знаат, но најчесто бебињата кажуваат кога им е доволно, а најчестите реакции им се: туркање на лажица или шишето ( ако бебето е на АД млеко) , вртење на главата или едноставно затворање на устата. Според MedlinePlus, треба да го понудите  вашето 8 до 12-месечно бебе со формула три до четири пати секој ден. Бебињата кои се доени најчесто имаат неограничен пристап на града.
Давајте му оброци и ужина на вашето бебе кои се соодветни за возраста и одете редовно на контроли кај матичниот педијатар кој ќе го измери и според тежината ќе ве советува дали тежината е соодветна на возраста и ако има потреба тој ќе ви посочи соодветна исхрана.

За деца од 1- 3 години

Вашето бебе до вчера јадело се што ќе му понудите, без разлика дали е тоа месо, овошје, житарки или зеленчук и наеднаш не сака да ја отвори устата или јаде половина од количината која ја јадело! Запомнете дека по наполнета една година растот на децата успорува за 30%  и истото (најчесто) се случува и со апетитот. Ако на бебињата им се потребни 90-120 калории по килограм телесна тежина на ден, на 12+ месечно бебе би требало да внесува 90-110 калории по килограм според Американскиот институт за медицина. Како да знаете дека ја исполнувате оваа „норма“ и сте ја постигнале целта?


Следете го детето и верувајте му на неговите инстикти. Сосем е нормално едно 2 годишно дете да ги менува количините на храна секојдневно, односно количината да е непостојана. Според една студија од истражувачите од Универзитетот на Калифорнија, Сан Франциско, до 85 проценти од родителите велат дека тие ги тераат своите деца да јадат повеќе, давајќи им награди и пофалби само за да каснат уште неколку залаци.
Децата најчесто ја туркаат лажицата кога ќе се најадат и не чувствуваат потреба за уште. Ако и покрај знаците дека детето е најадено, вие упорно нудите тоа може да почне да јаде и кога не е гладно, што е нож со две острици!
Една неодамнешна студија од Универзитетот во Пенсилванија покажала дека децата со прекумерна тежина на 5- до 12-годишна возраст изгубиле допир со знаците за глад. „Одржувањето на детето свесно за својата глад и заситеност е прв чекор на патот да се спречи прекумерна телесна тежина", вели авторот на студијата, Тања Крал.
Децата се само премногу зафатени за да јадат J - по неколку залчиња, тие се симнуваат од столчето и започнуваат да си играат.
„Во ред е да имаат здрава ужина на дофа, како што се поголеми парчиња зеленчук, овошје, сирење или крекери крекери од цело жито, додека играат, но секогаш кога е време за оброк како појадок, ручек или вечера, јадењето секогаш нека биде поставено на масата за јадење бидејќи така се стекнува навика“, вели Дина Роуз, д-р, социолог во Хобокен, Њу Џерси, која е  спезијализирана за навиките за јадење на децата.


Држете се до распоредот. Послужете оброци и закуски на три часа. „Ова помага да се одржи здравата тежина на вашето дете и да се  за нормализирање потребата за глад", вели Џил Касл, автор на Fearless Feeding: How to Raise Healthy Eaters From High Chair to High School.
Дете кое на дофат има секогаш нешто за грицкање, никогаш нема да почувствува глад. Исто така свесни сте дека ако прескокнете еден оброк, следното јадење ќе биде по неколку часа, односно до следниот оброк.
Не го терајте детето да изеде уште неколку залчиња откао веќе ви дало на знаење дека е најадено само за да ве задоволи. Да, на кратки стази можеби има некои придобивки, присилувањето на детето да јаде повеќе отколку пто му е потребно може да доведе до прекумерна тежина.


Никогаш не ја користите храната за подмитување, бидејќи испраќате погрешна порака до детето. Ако децата мислат дека зелечнукот е само „бљак“ храна која мора да ја изеде за да добие некоја награда од родителите, тие никогаш нема да ги засакаат ниту ќе научат да ги јадат без подмитување.
Затоа родители, внимателно со храната и исхраната на вашите деца. Пред секоја постапка помислете и на последиците и на придобивките. Следете ги децата и верувајте им на нивните инстикти.



No comments:

Post a Comment