Брокулата е богат извор на витамини и минерали, како и на
други лековити состојки. Од витамини најмногу содржи витамин А, Ц и Е, а од
минерали содржи: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина
.
Особено е важно брокулата да се внесе во исхраната за време
на бременоста, кога на организмот му е потребна посилна исхрана богата со
витамини, минерали и соли. Брокулата е богата со калциум и со магнезиум, кои се
важни за формирање на коските, забите и ноктите на фетусот. Богата е со железо,
а со редовно внесување на брокулата се спречува и слабокрвноста во организмот.
Таа содржи железо и фолна киселина, која е неопходна во првите 12 недели од
бременоста, а содржи и спектар од Б-витамини. Една средно голема брокула содржи
повеќе витамин Ц, отколку еден портокал.
Брокулата е јак антиоксиданс, кој го штити организмот од
штетното дејство на слободните радикали. Таа го детоксицира организмот.
Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови
(токсини), кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од
заболување. Според тоа, брокулата е одличен природен лек кој го зајакнува
имунитетот. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем во организмот, тој успешно
се бори против инфекциите и другите штетни влијанија врз организмот.
Брокулата го превенира настанување на многу заболувања,
влучувајќи ги и малигните болести. Таа го одржува организмот во одлична
психичко - физичка кондиција.
Бркоулата во исхраната на бебињата може да се воведе на 6+ месеци, особено ако е домашна и нетретирана. Тешка е за варење, па внимавајте да не предизвикате грчеви и гасови кај бебето со претерана употреба на овој зеленчук.
No comments:
Post a Comment