Wednesday, August 24, 2016

Јаболко 6+ месеци

One apple а day, keeps the doctor away :)
Иако јаболкото можеби и не е така атрактивно овошје, сепак е едно од најдобрите и најздрави намирници и би требало да се користи во секојдневната исхрана.
Бидејќи се целогодишни, јаболките достапни се во текот на целата година и тоа по сосем нормални и пристапни цени.Јаболките се познати по својот освежителен, кисело-сладок вкус и посебна арома. Постојат околу 10 000 сорти на јаболки кои меѓу себе се разликуваат по вкус, по слаткост или киселост, по конзистенција и по сочност.



Нутриционистите предлагаат годишно да изедеме барем 30 до 40 килограми јаболки, а оние лица кои се хранат правилно, јадат и уште повеќе.
Јаболкото го олеснува варењето на храната, а содржи бројни корисни материи кои го стимулираат одбрамбениот систем на телото, го оневозможуваат таложењето на мастите во црниот дроб.

Плодот содржи покрај вода, шеќери, пектини, витамин А, Б и Ц, уште и органски киселни како што се: јаболковата, лимоновата, мра
вјата и карбонската киселина.
За разлика од другите видови на овошје, јаболките лесно се чуваат, можат долго време да се чуваат во складишта, па затоа свежи можат да се јадат во текот на целата година. Свежата јаболка содржи доста пектини, кои во организмот ги впиваат водата и отровните продукти во цревата. На тој начин јаболкото ги отстранува отровите од организмот.


Јаболкото најчесто се јаде сирово, свежо, но може и да се пече, да се вари, суши, преработува во сокови, во мармалад, во џем, во желе, а од него може да се направи и многу ценетиот и здрав јаболков оцет.
Најдобро е јаболкото да се јаде свежо или како сок напавен од свежо цедено јаболко, кој не смее да стои подолго од половина час.
Кората на јаболкото е здрава и корисна, но само доколку не се јаболките прскани со заштитни средства. Доколку не се знае потеклото на јаболкото, подобро е тоа да се излупи.

Јаболкото помага во спречувањето на кариесот дури многу подобро од миењето на забите.Така со миењето на забите уништуваме 60% од бактериите во устата, а со јадење на јаболко дури 90%.

Јаболките освен свежи, во домаќинството често се користат и за правење фил за пити, торти и други десерти.

Во последно време на некои места може да се купи и чипс од јаболки. Но, чипс од јаболки може да си направите и сами. Треба само јаболкото тенко да се исече и да се стави во рерна и суши на 50 степени.
Од јаболките може да се прави и вкусен компот, кој може да се пие како топол или ладен напиток.
Од варените јаболки се прави и пире кое може да се служи со разни печења. Може да бидат и составен дел од сосовите за разни печења.

Нашите педијатри ова овошје секогаш го препорачуваат како прво во почетокот на дохраната на бебињата, односно може да се внесе на 6 месеци.

2 comments:

  1. Што ако се јаде само една сорта на јаболка? Треба ли да се менуваат сортите, или е сеедно?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Не гледам ништо лошо во тоа да јаде една сорта, особено ако ја имаме како домашна залиха, нетретирани јаболки со познато потекло.

      Delete