Friday, August 19, 2016

Прокељ 8+ месеци

Прокељ или кељ пупчар е зеленчук од фамилијата на зелките (Brassicaceae). По својот изглед потсетува на минијатурна главица зелка. Прокељот е двогодишна билка со атрактивен изглед, со листови формирани во т.н. пупови, кои личат на зелени топчиња.
Прокељот потекнува од ладните делови на северна Европа. Во текот на 16-от век бил омилен зеленчук во Белгија, а во 18-от век почнал да се одгледува и во Шведска. Се претпоставува дека во САД е пренесен од Франција.


Во малите главици на прокељот се кријат многу активни супстанции кои помагаат при разни болести, вклучувајќи ги тука и малигните заболувања.
Како и секој лиснат зеленчук, така и поркељот има мала енергетска вредност, сиромашен е со калории, а извонредно хранлив. Во 100 грама прокељ има само 109 КЈ/ 26 kcal. Во најголем процент, во прокељот, се застапени растителните белковини, како и јагленохидратите. Содржи голема количина на растителни влакна и сирова целулоза, кои помагатаат за подобро варење на храната. Затоа, прокељот им се препорачува на лицата кои имаат проблеми со празнењето на цревата (затвор).
Прокељот содржи двојно поголема енергетска вредност од зелката, бидејќи е богат со јагленохидрати, растителни белковини, витамини и минерали. Содржи голем количина на витамин Ц. (100 грама прокељ ги задоволуваат дневните потреби на организмот за витамин Ц). Содржи и фолати (богат е со растителни влакна). Содржи калиум, калциум, магнезиум, фосфор, бета каротин, витамини од групата Б, витамин Ц и А и други корисни состојки.

Во прокељот се наоѓа и едно интересно хемиско соединение, 3-индол-карбинол, за кое е докажано дека може да помогне во лекувањето на респираторната папиломатоза (бенигни израстоци кои можат подоцна да се трансформираат во малигни).
Индол-3- карбинолот од прокељот го регулира лачењето на хормонот естроген кај жените и го спречува настанувањето на ракот на дојката.
Во нашата земја, прокељот е скоро непознат зеленчук. Тој се одгледува во многу мали количини и ретко се наоѓа на пазарите.


Во исхраната е најквалитетен по првите мразеви, кога го губи горкиот вкус, затоа што во пуповите се зголемува содржината на шеќер и до 100%. Содржината на сумпорот во прокељот бара во текот на готвењето да се отклопи садот, како би испариле новонастанатите сумпорни соединенија. Највеќе се употребува свеж како салата, или сварен во солена вода или на пареа, кисел (слично на киселиот купус) и динстан.
Прокељот има висока енергетска нутритивна вредност и непријатен мирис, кој може да се отстрани ако во водата во која се вари се додаде една лажичка млеко, советуваат нутриционистите.

Прокељот се приготвува на различни начини. Се вари кратко време (5 до 7 минути), бидејќи тогаш вкусот и мирисот се попријатни. Може да се јаде свеж со разни преливи, на пример со павлака, маслиново масло, лимонов сок и друго. Исто така, сварениот прокељ може да се стави и во тесто (погусто од она за палачинки) и да се испржи.
Зачини кои одат со прокељот се: босилок, ким, мајчина душица, кари, лук, копар.
Лицата со осетлив желудник и црева би требало умерено да консумираат прокељ, бидејќи тој содржи поголема количина на сумпор и треба во текот на готвењето да го отклопат садот, како би испариле новонастанатите сумпорни соединенија

No comments:

Post a Comment