Saturday, August 6, 2016

Овошје и зеленчук: виножито полно здравје!

Храната може да биде и лек и болест. Оние кои се грижат за своето и здравјето на семејството, секогаш се трудат да имаат повеќе сезонското овошје и зеленчук со прекрасни и разновидни бои на семејната трпеза наместо индустриски преработената храна
Храната може да ја поделиме и според боите и тоа : жолто-портокалова, црвена, зелена и сино-виолетова, бои кои би требало секојдневно да ги внесуваме со исхраната.
Ако во исхраната внесуваме голема количина на овошје и зеленчук во различни бои, можеме да спречиме многу современи заболувања како што се: кардиоваскуларните заболувања, остеопорозата, дијабетот и малигните заболувања, кои се јавуваат како последица на современиот начин на живот и исхрана.


Виножито полно здравје



´Морковот содржи: многу витамини и минерали, го зајакнува имунитетот
´Тиквата изобилува со: бета каротен и витамин Е
´Пченката содржи: протеини, незаситени масти, витамини и бројни минерали
´Мангото е богат извор на: калиум, витамин Б6, Ц и Е, каротин и бакар
´Папајата содржи: витамин Ц, калциум, железо, магнезиум и  ензим папаин
´Грејпфрут: витамин Ц, растителни влакна пектин, антиоктиданс ликопен
´Портокал има: витамин Ц, Б, Е, А, калциум, магнезиум, калиум и фосфор
´Мадарината : калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо, цинк и бакар
´Кајсијата е извор на: бета-каротин, ликопен, витамин А, растителни влакна
´Праската има: калиум, витамин Б3, Ц, А, растителни влакната и фитостероли



´Црвената пиперка е богата со: минерали, витамини, посебно витамин Ц
´Ротквицата богата е со витамин Ц, калиум, растителни влакна и фолати
´Доматот изобилува со: витамини А и Ц, со бета каротин и минерали
´Цвеклото содржи: витамин Ц, Б1 и Б2, каротин, калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод
´Малината содржи: содржи витамин Ц, Е и К, витамини од Б групата,
´Јагодата содржи: витамин Ц и железо, антиоксиданси, природни феноли
´Лубеницата содржи: каротини, витамини од групата Б и витамин Ц, калиум, магнезиум, фосфор, калциум, цинк, железо и бакар.
´Вишната богата е со витамините: А, Ц, Е; фолна киселина, железо и влакна
´Црешата содржи: витамини А, Б и Ц, фолна киселина, калциум, калиум, железо

´Спанаќот содржи:  витамин К , А и Ц, фолна киселина,  бета каротинот, железо
´Блитвата богата е со: магнезиум, железо и витамин Б и Ц
´Брокулата содржи:  витамини А, Ц и Е, калциум и магнезиум
´Тиквичката е богата со: витамин Б, Ц и фолна киселина, калиум, фосфор, магнезиум и манган.
´Зелената  салата содржи: влакна и целулоза, витамин Ц и бета каротин
´Грашок е богат со: витамините Ц и Е, а ги содржи и витамините Б1, Б2 и БЗ 
´Боранијата има: калциум, железо, цинк, каротин, витамини Б1, Б2, Б6, Ц и Е.
´Кивито има: витамин Ц, А и Е, К, омега-3 масни киселини, калиум, магнезиум
´Авокадото содржи: многу калиум, фолна киселина, масни киселини
´Младиот лук  има: калиум, фосфор, калциум, манган, кобалт, селен 
´Младиот кромид има: витамин Ц, Б, К, А, калиум, калциум, керцитин и хранливи влакна.

´Црвената  зелка е богата со: витамин Ц, калциум, калиум, железо, Б витамини, бета каротин
´Модриот  патиџан изобилува со:  железо, одржи моќни антиоксиданси, има многу малку јаглехидрати и масти, одличен извор на влакна и содржи многу вода
´Сливата содржи: антиоксиданси, витамин Ц, Б6, и Е, бета каротен, фолна киселина, калциум, калиум, магнезиум, натриум, железо и бакар
´Грозјето е богато со: со витамини А, Б и Ц и со разни минерали, биофлавониди, феноли, калиум и манган
´Боровинката изобилува со: калиум, железо, витамин Ц, витамин А, растителни влакна, антоцианини, фенолицини

No comments:

Post a Comment