Saturday, August 6, 2016

Подготовка на кефир

Начинот на подготовка е многу едноставен. Потребно е само млеко и габи, односно зрнца од кефир. Традиционално, за подготовка на кефир не се користат метални садови и лажици, бидејки може да го уништат лековитото дејство на напитокот.


 За пола литар на кефир е потребно две лажици од зрнца и било какво млеко (кравјо, овчо, козјо). Млекото може да биде варено или не, но не смее да биде врело. Се препорачува млекото да не содржи помалку од 2,8% маснотии – колку е содржината на маснотии во млекото поголема, толку кефирот е подобар.
Одкако ќе го направите кефирот, не го мешајте бидејќи ферментира. Откако ферментацијата ќе заврши, чувајте го во фрижидер за ниво на алкохол да остане ниско. Вообичаеното ниво на алкохол во еднодневен кефир изнесува 0,08 до 0,1 %.

Чекор 1

Млекото се става во стаклен или пластичен сад, најубаво тегла во која се ставаат зрнцата. Се поклопува и се остава на собна температура 24 часа. Температурата во просторијата не смее да биде повисока од 30 степени. Во рок од 24 часа течноста ќе се згусне. Може повремено да се промеша за проверка на густината.

Чекор 2

Готовиот кефир треба да се процеди во пластична цедалка со пластична мрежичка, со пластична лажица и пластична инка, да се прелие во шише и да се чува во фрижидер.
Чекор 3

Габата на млечниот кефир треба да се измие* со ладна или млака вода и ден, два (до следната употреба) да се остави во фрижидер, во ладна вода или млеко.
* Мора да внимавате да не падне ни една габа во одводот бидејќи ќе се размножи и ќе ја затне цевката. Никако не смее да се фрла во канализација. Остатоците од кефир соберете ги со книжна салфетка и фрлете ги во канта за одпадоци.


Во фрижидер можат да опстои до 7 дена. Доколку сакате да направите поголема пауза, ставете ги зрнцата во вода или млеко и замрзнете ги во пластичен сад.
Зрнцата од млечниот кефир многу брзо ќе се намножат, што ќе овозможи добивање на поголема количина на напиток.
Количината на млеко за подготвување на кефир се зголемува сразмерно на количината на зрнца.

Дополнителни информации

Напитокот за цел на одржување на здравјето и виталноста може да го пиете секојдневно.

Се препорачува да се започне со 1 дцл млечен кефир и постепено да се зголемува количината (доза за возрасни и деца над една година). За тераписки цели пијте еден литар млечен кефир дневно.

Во прилог детално видео како се подготвува кефир:

No comments:

Post a Comment