Најголем дел од луѓето го користат називот
гроздов сок. Сепак, постои разлика меѓу гроздов сок (шира) и гроздов концентрат
кој кај народот е познат како маџун или гроздов мед. Маџун стар и по неколку
децении чуваат Тиквешани во своите визби, наследство од нивните татковци,
мајки, дедовци и баби. Во минатото нашите предци немале шеќер во изобилство
како ние сега. Сиромашните страдале и за зрнце шеќер, па тоа малку што го
имале, не знаеле за што попрво да го употребат. Го криеле од децата,
заклучувајќи го во старите креденци.
Маџунот е природен
производ добиен од гроздов сок (шира) на најквалитетните видови лоза. Изобилува
со минерали, витамини, енергетски
супстанции, танини, флавоноиди, органски киселини, гликоза и фруктоза од
шеќерите што се застапени во ширата како неопходни елементи што ја овозможуваат
неопходната енергија за работа на мускулите, а посебно на срцевиот мускул.
Се
препорачува за: зајакнување на имунолошкиот систем кај
децата, возрасни како и кај спортисти.
Маџунот
е ефикасно природно средство кое помага при:
- · инфекција на дишните органи
- · нарушена функција на хепар, хепатит (жолтица, алкохолизам)
- · психички нарушувања
- · прекумерна тежина.
- · настинки
- · инфекции на респираторниот тракт
Маџунот е 100% природен производ без додаток
на шеќер, адитиви и конзерванси. Токму поради тоа тој претставува вистинска
ризница на неопходни хранливи состојки кој ќе ви помогнат да го сочувате и
подобрите здравјето.
Постои бел и црн маџун. Најчесто се продава црниот маџун заради
полифенолите кои ги содржат црните сорти на грозје, а кои ги нема во белиот
гроздов концентрат. Црниот најчесто се прави од вранец бидејќи е најбогата
сорта со боени материи, шеќери и полифеноли, а од друга страна е и најзастапена
црна сорта во Тиквешијата.
Црниот маџун содржи:
·
Антиоксиданси
- Најпознат
антиоксиданс е ресфератролот кој го смалува вишокот на холестерол, спречува
артериосклероза, дава еластичност, го намалува ризикот од срцеви и мозочни
удари. Докажано е дека е и анти-канцероген, анти-вирусен.
·
Минерални
материи
·
Органски
материи во природна форма како што се винска, млечна, јаболкова и лимонова
киселина.
·
Има таква
структура на шеќери која е идентична како кај пчелиниот мед , односно 50%
гликоза (гроздов шеќер) и 50% фруктоза (овошен шеќер). Поради тоа многу е
погоден за закрепнување на имунолошкиот систем кај човекот, т.е. луѓе после
операција , особено за прележани од хепатит.
·
Не содржи
масти
- За доенчиња по 11 месечна возраст – ½ лажичка во оброк, максимум 3 пати неделно.
- За деца над една година – 1 лажичка во оброк, чај или вода, секој ден.
- За возрасни - 1 супена лажица, 1 до 2 пати дневно растворена во вода или чај.
No comments:
Post a Comment