Thursday, September 1, 2016

Амарант (безглутенска житарка) 6+ месеци

Амарантот, или pigweed, е еден од најздравите зрна. Амарант е вид на житарица, чие име потекнува од грчки збор, а кој значи "бесмртен". Таа е одличен извор на протеини, влакна, калциум, кој го има повеќе и од млекото и железо. Лесно е сварлива што ја прави совршена храна за здравите и болни лица.


Како киноата и леќата, амарантот се смета за псевдо-жито (технички овие растенија не се житни култури). Амарант е мало семе слично на просото. Семето на амарантот може се вари и од него се добива многу вкусна и здрава житна каша или главно јадење. Може, исто така, да се пржи и да се додава како зачин во супи, салати или варива.
Истражувањата потврдуваат дека амарантот се меѓу најстарите житарици во светот. Неговото потекло е од Централна и Јужна Америка. Со систематско уништување на овие народи, амарантот речиси целосно исчезнал.


Денес, доживува повторно откривање. Модерната исхрана му придава големо значење на амарантот бидејќи содржи висококвалитетни протеини и лизин почесто од другите житни култури, една од осумте есенцијални амино киселини, која човечкиот организам не само што не може да ја произведе, туку ја нема и во храната од растително потекло (но, обично ја има многу во храната од животинско потекло).
Способноста на биолошката асимилација на своите протеини е поголема од онаа на млеко, соја, јачмен и пченица.


Амарантот е посебен по тоа што не содржи глутен и е житарка богата со минерали (калциум, железо, фосфор, магнезиум). Количината на калциум во амарантот ја  надминува онаа која содржи млеко.
Амарантот во зрно може да се готви, како и други житни култури. Неговото брашно може да се меша со пченично брашно и да се користи за да се направи леб.

Мајките го користат во исхраната на бебињата уште на почетокот на исхраната кај бебињата, односно 6+ месеци.

No comments:

Post a Comment