Monday, September 26, 2016

Кокосово масло 6+ месеци

Кокосовото масло се користи во исхраната, во козметиката, за подобрување на здравствената состојба, како и во многу други секојдневни примени.
Кокосовото масло е вообичаена намирница во народната медицина во Азија, поради неговата хранлива вредност и лековитото делување.

 Иако кај нас е познато меѓу оние кои ја практикуваат здравата исхрана, сепак ова масло не го добива заслуженото внимание. Основната состојка на кокосовото масло е лауринската киселина, која има силно антивирусно и антибактериско дејство така што нè штити од многу болести.

Единствен друг извор на оваа киселина е мајчиното млеко, така што со ваквата поврзаност станува јасно за каква намирница станува збор. Ова е една, можеби најважна, причина поради која мајките коксовото масло го воведуваат во почетокот на исхраната на бебињата.


Во зависност дали е органско или не, кокосовото масло се воведува на 6+ месеци односно 10+ месеци. На почетокот се става многу малку, на врбот од лажичката во капите на бебето.
Исто кокосовото масло можете да го користите и за третирање на црвенило кај бебето, особено на газето кое често знае да се иритира, а голем дел од мајките кои дојат можат да го нанесуваат на брадавиците за да се спречи пукање на кожата и иритација.
Наш избор е кокосовото мало на БиоПланет кое го има во различа грамажа.

No comments:

Post a Comment