Monday, September 5, 2016

Како да ги отстраните пестицидите од овошјето и зеленчукот?

Иако на нашите пазари се уште може да се најдат домашно одгледани овошја и зеленчуци, сепак не можеме да бидеме сигурни дека не се воопшто третирани. Најчесто сите овошја и зеленчуци се прскаат, макар и минимално. Иако органската храна во истоимените продавници не е премногу скапа, сепак не секогаш има она што во моментот ни треба или ни се тешко достапни бидејќи ги нема насекаде, па најчесто свежите намирници ги пазариме од пазарите, поголемите маркети или специјализираните продавници.


Ако не сте во можност да имате своjа мала градина, и таму да растете овошје и зеленчук, без употреба на пестициди, еве неколку совети како да ги отстраните пестицидите од овошјето и зеленчукот, па дури и до 75%.


 Пестицидите може да се отстранат на два начина: со покиснување и прскање.
           
Покиснување:

Рецепт 1: Потопете го овошјето или зеленчукот во раствор од сол и вода. Соодносот е 1 лажица морска сол во чаша вода (200мл). По еден час добро исплакнете. Јаболките слободно држете ги подолго.

Рецепт 2: Направете раствор од 1:4 од бел оцет и вода. Се потопуваат еден час, а јаболките и многу повеќе.

Прскање:
Може да се направи домашен спреј за отстранување пестициди.

Рецепт 1: Потребни се 1 лажица сок од лимон, 2 лажици сода бикарбона и 1 чаша вода.
Промешајте ги добро состојките за да се раствори содата и сипете ја содржината во шише или сад со прскалка. Испрскајте го овошјето и зеленчукот, оставете да делува 15 минути и исплакнете.


 Рецепт 2: Потребни се 1 чаша вода, 1 чаша бел оцет и 2 лажици сода бикарбона, неколку капки екстракт од семе од цитрон (опционално).
Се добро измешајте и сипете ја содржината во шише или сад со прскалка. Испрскајте го овошјето и зеленчукот и оставете го да делува 15 минути. Потоа добро исплакнете.



No comments:

Post a Comment