Monday, October 31, 2016

Есенски рецепти во Бебе Готвач

Првиот предвесник на есента се жолтите лисја и златните тонови насекаде околу нас. Дома пак, мирисот на печена тиква значи дека веќе сме и посакале добредојде на златната дама.
Затоа, со помош на нашите членови од групата Здрава храна, здрави деца! подготвивме 6 вкусни рецепти за целото семејство. Без разлика дали сакате да се засладите или да ги избегнете стандардните оброци и да внесете новина, секако ќе бидете инспирирани да зготвите барем еден од нив.

Рецептите може да ги најдете во андроиф апликацијата Бебе готвач

Тиквички 6+ месеци

Тиквиците по потекло дел се од Индија, додека некои се по потекло од Америка. Ги има во разни големини, форми и бои. Тиквичките кои виреат во нашето поднебје се со долгнавест и цилиндричен облик, со темно и светло зелена боја и со тенка кора. Плодот е мек и бледозеленкаст.

Банана 6+ месеци

Бананата е име за овошјето и тревните растенија од родот Банана (Musa) кои го произведуваат ова најчесто јадено овошје. Тие потекнуваат од тропските регионот на југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропски предели. Современата банана е вкрстена сорта од дивите видови заострена банана  (Musa acuminata) и семена банана (Musa balbisiana).

Friday, October 28, 2016

6+ прашања со Маги Самарџиевска

За да можеме да ја доближиме здравата исхрана и подготвувањето на оброци за бебиња од 6 месеци па нагоре од денес ќе имаме по едно интервју со нашите членови, пријателите на групата, поддржувачите на здравата исхрана и секако специјалисти, педијатри и нутриционисти.
Маги, како еден од нашите членови кој редовно е вклучен во групата, со постирање на рецепти но и со давање издржани совети, ќе ја има честа прва да одговори на нашите 6+ прашања преку ќе ги запознаеме и ќе ви доловиме дека подготвоката на здрави оброци не тешка и не треба многу време.

Многу твои рецепти секојдневно се готват, повторно се постираат од членовите, што значи дека не се само здрави туку се и вкусни. Но пред да ни кажеш од каде толку инспирација, да направиме еден вовед околу дохраната и нејзиното започнување со Софи, вашата ќерка.

Friday, October 21, 2016

Бебе готвач на вестите на Канал 5

Каква храна јадат нашите деца, колку таа знае да биде штетна ако не знаеме што им даваме да јадат и како да ја замениме за здрава.
Промоција и на првата македонска андроид апликација за здрава храна посветена на бебиња и деца, Бебе Готвач.
Повеќе може да погледнете на видеото од линкот:

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=100141

Sunday, October 16, 2016

Батат или благ компир 6+ месеци

Благиот компир (Latin: Ipomea Batatas) потекнува од Јужна Америка и луѓето го употребуваат повеќе од 5000 години. Тој е високо енергетски производ кој содржи многу скроб, а многу малку масти и содржи количина на хранливи материи и витамини повеќе од кој било друг зеленчук.

Сливи 6+ месеци

Вкусните, месести и сочни сливи имаат ниска калорична вредност и не содржат заситени масти, а содржат голем број состојки корисни за здравјето, витамини и минерали.
Одредени соединенија кои се корисни за здравјето, а можат да се најдат во сливата, како што се: растителните влакна, сорбитол и исатин, помагаат при регулацијата на работата на дигестивниот систем и поради тоа се користат како лек во случаите на констапација.

Леќа 9+ месеци

 Леќата се вбројува во групата на зрнести мешункасти зеленчуци, заедно со гравот, грашокот, боранијата. Познати се околу 40 – тина сорти леќа, кои се разликуваат по боја, големина и форма.
Леќата се одгледувала уште од камено доба, а се претпоставува дека потекнува од југозападна Азија, од каде е донесена и во Европа.

Saturday, October 15, 2016

Бебе Готвач тема во утринската Нов ден

Одлична емисија на кумановската К3 телевизија. На видеото можете да ја погледнете целата емисија во која гостува Весна Ѓурковска Каеска, админ на групата Здрава храна, здрави деца!.
Темата е секако здрава храна, нашето искуство како мајки и админи, како функционира груапта и секако се збори и за Бебе Готвач, првата андроид апликација за здрава храна и исхрана во Македонија.

Monday, October 10, 2016

Урми 12 + месеци

Урмата е плод на палма која се одгле­дува на Сред­ниот исток повеќе од 5.000 години. Ста­нува збор за слатко овошје кое по обли­кот е многу слично на маслинка и се состои од плод и семка. Се кон­зу­ми­раат суви, полу­суви и свежи. Богати се со : калциум, магнезиум, железо, бакар, фолна киселина.Го зајакнуваат организмот, го намалуваат нивото на холестерол во крвта, го штитат стомакот од паразити и бактерии. Најдобро е да се јадат на празен стомак за да може нејзините состојки подобро да се искористат.

Sunday, October 9, 2016

Риба 10+ бела слатководна, 12+ бела морска и сина



Рибата е богата со протеини и минерали, како и со рибино масло кое е содржи големи количини на омега 3 масни киселини. Нутриционистите препорачуваат да се јаде плава риба барем два пати неделно и тоа приготвена со рибино масло. 
Народите кои живеат покрај море поретко заболуваат од дегенеративни и кардиоваскуларни заболувања за разлика од оние кои живеат во густо населените урбани средини со „тешка“ исхрана. Ова се должи на специфичната исхрана која се состои од риба, вино, маслиново масло, како и на благата приморска клима.

Saturday, October 8, 2016

Финти од кујната

Сите ние секогаш се трудиме да најдеме начин како полесно, побрзо и поквалитетно да ги завшуваме обврските во кујната, од готвење до средување на истата.
Со помош на нашите членови од групата  Здрава храна, здрави деца! собравме корисни информации и совети како да си го олесните секојдневието без да трошите многу финансиски средства на скапи препарати и да го заштедите времето кое го поинувате во кујната.


Monday, October 3, 2016

Намирници богати со железо


Железото е еден од најважните нутриенти за имунитетот кај човекот. Затоа, треба да се грижиме правилно да се ресорбира во организмот преку нашата исхрана за да не дојдеме во ситуација кога вештачки и по пат на суплементи во исхраната ќе треба да го поправиме нивото на железото.