Sunday, October 9, 2016

Риба 10+ бела слатководна, 12+ бела морска и сина



Рибата е богата со протеини и минерали, како и со рибино масло кое е содржи големи количини на омега 3 масни киселини. Нутриционистите препорачуваат да се јаде плава риба барем два пати неделно и тоа приготвена со рибино масло. 
Народите кои живеат покрај море поретко заболуваат од дегенеративни и кардиоваскуларни заболувања за разлика од оние кои живеат во густо населените урбани средини со „тешка“ исхрана. Ова се должи на специфичната исхрана која се состои од риба, вино, маслиново масло, како и на благата приморска клима.

Особено се препорачува плавата риба која се храни со планкотни, а тоа се сардината, туната и другите видови на плава риба.
Месото од рибата е лесно сварливо, па затоа рибата често се вбројува во диетална немирница. Рибата содржи витамини и минерали, но и особено важните Омега 6 и Омега 3 масните киселини (DHA -докозахексаеноична киселина и EPA - еикозапентаеноична киселина). Најповолен однос на овие киселини е 2 :1.
Човечкиот организам не располага со ензим кој ги разградува двојните врски на масните киселини поголеми од 10 јаглеродни атоми, па затоа мора да се внесува со храната.
Од нутриционистичка гледна точка, рибата има иста вредност како и останатото месо. Меѓутоа, во прилог на основните амино киселини, рибиното месо содржи дополнителни девет (есенцијални) кои не се наоѓаат во останатото месо.

Месото од риба на телото на детето му ти дава сите видови н
а протеини кои се потребни за развојот на клетките и ткивото. Покрај тоа, таа е богата со многу витамини и минерали:

  • Калциум и флуор - важни за раст на коските и забите
  • Фосфор - врзан со масти прави фосфолипиди, кои се неопходни за да се стимулира активноста на мозокот
  • Јод - присутна е во морска риба и служи за уедначување на течностите во телото, како и за функционирањето на тироидната жлезда
  • Железо - потребно е за формирање на црвени крвни зрнца и синтеза на хемоглобин (спречува анемија)
  • Витамин Б2 и Б6 - играат важна улога во заштитата на ткивото, кожата и видот
  • Витамин Б12 - е од суштинско значење за раст на црвените крвни зрнца и правилно функционирање на нервниот систем
  • Витамин ПП (или Б3) - поттикнува развојот на детето
  • Витамин Д - промовира правилен раст и развој на коските и забите
  • Витамин К - е од суштинско значење за процесот на коагулација на крвта 


Според процентот на масти, рибата ја делиме на: немасна со помалку од 2% липиди (бакалар, ослич), помалку масна риба со 2-5% липиди (сардина, зубатац) полумасна риба со 5-10% масти (туна, сабјарка) и масна риба со повеќе од 10% масти (скупа, јагула).
Масната риба е воедно и побогата со омега 3 масни киселини.
Рибиното масло е добар извор на омега 3 масни киселини и на витамините А и Д.

Ако во вашето семејство има случаи на алергија на риба, не треба да се воведе ова
а храна во исхраната на детето пред возраст од една година. Меѓутоа, ако вашето бебе нема тенденција на појава на алергии, може првиот оброк со риба оброк да се воведе од десет месеци, под услов претходно да ги има прифатено пиреата од зеленчук, овошје, месо и житарки.
Рибата спаѓа во категоријата на храна од биолошка вредност, затоа тоа треба да се воведе во исхраната на детето од 10от месец за бела слатководна риба и морска бела и сина риба по првиот роденден .

Во почетокот, без разлика дали на 10 месеци кога воведувате слатководна, или по 12 месеци кога воведувате морска риба, треба да се избере риби кои немаат интензивна арома и имаат благ вкус (пастрмка, скуша, ослиќ). Не давајте на вашето бебе риби кои живеат на дното (лист, колеранг), бидејќи тие можат да бидат контаминирани. Малите риби имаат голема предност, бидејќи имаат помало шанси за контаминација со соли на тешки метали.

No comments:

Post a Comment