Monday, October 10, 2016

Урми 12 + месеци

Урмата е плод на палма која се одгле­дува на Сред­ниот исток повеќе од 5.000 години. Ста­нува збор за слатко овошје кое по обли­кот е многу слично на маслинка и се состои од плод и семка. Се кон­зу­ми­раат суви, полу­суви и свежи. Богати се со : калциум, магнезиум, железо, бакар, фолна киселина.Го зајакнуваат организмот, го намалуваат нивото на холестерол во крвта, го штитат стомакот од паразити и бактерии. Најдобро е да се јадат на празен стомак за да може нејзините состојки подобро да се искористат.

Во 100 гр урми има 314 кало­рии, 73 гр про­те­ини, 0.3% масти, про­те­ини (2.3%-5.6% или 7% од ДПК), имаат 8 гр дие­тет­ски влакна и дури 23 амино киселини.


Во минатото урмите се нарекувале и „лебот на пустината“, а потоа научниците докажаа дека ова овошје има и голема хранлива вредност. Урмите содржат 80 проценти јаглехидрати, заедно со протеини, минерали, витамини, имаат малку маснотии, немаат холестерол и многу се здрави.

Шеќерите се најзастапена компонента во урмите. Сите шеќери во урмите содржат мешавина на сахароза, гликоза и фруктоза (од кои последниве два се деривати од сахароза по инверзијата). Релативната количина на сахароза, фруктоза и глукоза е одредена во главно според видот на урмата, но може да се рече дека повеќето урми припаѓаат на видот на инвертните шеќери, т.е., дека се наоѓаат во фаза кога е речиси сета сахароза претворена во гликоза и фруктоза. 


Природниот шеќер што се наоѓа во урмите е совршена алтернатива на обичниот шеќер. Лесно се вари и го намалува чувството на глад. По својот состав, урмите се вистинска природна мултивитаминска бомба. Урмите се одличен „лек“ за решавање на анемијата, високиот крвен притисок, холестеролот, па дури и ракот. Речиси и да
нема болест што не може да се лечи со урмите.

Луѓето кои страдаат од анемија би требало почесто да јадат урми, бидејќи тие се богат извор на железо. Сто грама урми содржат околу 0,90 железо, што е приближно 11 проценти од препорачаната дневна вредност. Железото и дел од хемоглобинот во црвените крвни зрнца се клучен и за преносот на кислородот во крвта. Најголема потреба за железо имаат децата во пубертет и трудниците.

Урмите го стимулираат утерусот преку негово регулирање и ги забрзуваат контракциите за породување. Утерусот е релативно голем мускулен орган и итно бара адекватно снабдување со природен шеќер во текот на породилните болки и породувањето. Како лаксативи, урмите се многу важни за бремени жени пред породувањето заради прочистување на дебелото црево и го помага породувањето.

Диетичарите ги сметаат урмите за најдобра храна за жените кои треба да се породат и оние кои дојат. Тоа е затоа што урмите содржат елементи кои помагаат при ублажување на депресијата кај мајката и го збогатува млекото со сите елементи потребни за детето да биде здраво и отпорно на болести.
Современите Диететски Институти денес ги препорачуваат урмите за деца кои се нервозни или хиперактивни, исто така ги препорачал урмите за срцеви проблеми, според одредени записи. Модерната наука исто така ја докажала ефективноста на урмите во превенцијата на болести на респираторниот систем.

Урмите содржат природен шеќер кој лесно се апсорбира и вари, така, тој е безбеден и погоден за стомакот и цревата на децата. Сокот од урми е посебно корисен доколку го мешаме со млеко при што станува уште похранлив и обновувачки пијалок за деца и возрасни. Мешавина на урми и мед се користи во третирање на дијареа и дизентерија кај децата но треба да се зема три пати на ден.
Оваа мешавина исто така ги зацврстува непцата во текот на растење на забите.Постои приказна дека порано им ги триеле непцата на новороденчето со добро изџвакана урма. Науката потвдрила дека давањето на шеќер растворен во вода го обезбедува детето, новороденчето со потребната хранливост и го подобрува нивниот имунитет. Бидејќи шеќерот во урмите најлесно се апсорбира и вари, се смета дека е најпогоден за новороденчиња.

Накратко :
* Урмите се одличен извор на железо
* Урмите го запираат проливот
* Го олеснуваат породувањето
* Содржат големо количество на протини и влакна
* Витамини за очи ( Ги потпомагаат епителните клетки за добар вид )
* Регулираат телесна тежина
* Совршен избор за храна за деца

Во менито кај бебињата се воведува по навршена година, заради високиот процент на шеќери и енергетскиот состав.

No comments:

Post a Comment