Sunday, October 16, 2016

Сливи 6+ месеци

Вкусните, месести и сочни сливи имаат ниска калорична вредност и не содржат заситени масти, а содржат голем број состојки корисни за здравјето, витамини и минерали.
Одредени соединенија кои се корисни за здравјето, а можат да се најдат во сливата, како што се: растителните влакна, сорбитол и исатин, помагаат при регулацијата на работата на дигестивниот систем и поради тоа се користат како лек во случаите на констапација.

Свежите сливи се одличен извор на витамин Ц, кој е моќен природен антиоксиданс. Конзумирањето храна богата со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси, да се бори против воспаленијата и да ги собере штетните слободни радикали.
Свежите сливи, а особено џанките (малите жолти сливи) се одличен извор на витамин А и бета-каротин. Витаминот А е клучен за добриот вид. Исто така е потребен и за одржување на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето храна богата со витамин А дава одредена заштита од рак на белите дробови и усната празнина.
Сливата исто така е и добар извор на флавоноидните полифенолни антиоксиданси корисни за здравјето, како што се: лутеин, криптоксантин и зеаксантин.



 Овие соединенија служат како заштитни собирачи на оксигенските слободни радикали, кои играат значајна улога во процесот на стареење и во развојот на разни болести. Зеаксантинот е важен прехранбен каротиноид, кој селективно се апсорбира во слузокожата во очите, каде што обезбедува антиоксидантска функција и обезбедува заштита преку филтрација на светлината.
Сливите се богати со минерали, како што се: калиум, флуор и железо. Железото е неопходно за создавањето на црвените крвни зрнца. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок.

Сливите се богати и со витамини од Б-комплексот, како што се: ниацин, витамин Б6 и пантотенска киселина. Овие витамини се кофактори во метаболизацијата на јаглехидратите, протеините и мастите. Исто така, сливите обезбедуваат и околу 5 проценти од днвено препорачаната доза на витамин К. Витаминот К е клучен за голем број коагулациони фактори, како и за метаболизмот на коските.


Сливите се достапни во текот на целата година, но имаат најдобар квалитет во периодот помеѓу мај и септември. Во продавниците, барајте свежи плодови со изразена боја и можат да имаат суптилен бел сјај, што е индикатор дека не биле премногу допирани. Избегнувајте ги плодовите кои се премногу меки или имаат омекнати точки или засеци на лушпата. Зрелите сливи малку попуштаат под нежен притисок и оддаваат блага арома.


Тврдите зрели сливи можат да се чуваат на собна температура додека целосно узреат. Сосема узреаните можат да се чуваат во фрижидер, но треба да се приспособат на собна температура пред јадење, за да можете целосно да уживате во богатиот вкус. Сувите сливи можат да се чуваат на собна температура и до неколку дена.


Сливите се многу честа намирница на бебешкото мени. Идеални се за почеток на дохрана (6 +) бидејќи бебињата одлично ги прифаќаат.Може да се комбинираат со овошја и житарки. Дколку дохраната на бебето започнува во период кога нема свежи слви, а немате замрзнато/складирано свежи сливи од летниот период, во тој случај може да се снабдите со суви сливи кои може да се сварат колку да омекнат и да се комбинираат во оброците.Но секогаш барајте исклучиво нетретирани суви сливи ( без сулфити ).

No comments:

Post a Comment