Sunday, October 16, 2016

Батат или благ компир 6+ месеци

Благиот компир (Latin: Ipomea Batatas) потекнува од Јужна Америка и луѓето го употребуваат повеќе од 5000 години. Тој е високо енергетски производ кој содржи многу скроб, а многу малку масти и содржи количина на хранливи материи и витамини повеќе од кој било друг зеленчук.

Неговите скробести слатки кртоли се важен коренест зеленчук во исхраната на разни народи. Младите листови и фиданки понекогаш се консумираат како зелје. И покрај називот, слаткиот компир не е близок сродник на компирот.Според енергетската вредност, слаткиот компир го надминува обичниот за 1,5 пати и во споредба со обичниот компир по вкус е многу сладок. Хемискиот состав варира во зависност од реонот на одгледување, односно тој што е одгледуван во потоплите краишта, а особено во тропските, има повеќе шеќер, а помалку скроб. 




Слаткиот компир кој е на врвот на светските листи на здрави намирници е вистинска ризница на антиоксиданси, витамини, минерали и диетални влакна, па е погоден за сите, од најмали до највозрасни.
Овој високоенергетски производ содржи многу скроб, малку масти и цело богатство на витамините А, Ц, Е, Д Б6 и од минералите калиум, калциум, магнезиум и железо.
Во себе содржи големи количини на бета-каротин односно (200 грама од слаткиот компир дава иста количина на бета-каротин како и 5 килограми брокула).
МНОГУ ВАЖНО е дека само 140 грама од благиот компир ги обезбедува дневните потреби од втаминот Е.


Него­виот изглед се разли­кува од вид до вид, но три сорти се најчести — жолт плод со кора без боја и има вкус на костен, портокалов кој е посладок и има црвенкаста лушпа со вкус на тиква и виолетов кој има неутрален вкус и потемна лушпа.
Во кули­нар­ството се кори­стат и мла­дите листови и коре­ните.
Може да се консумира на многу начини: жив, варен, на пареа, печен.  Од него се добива и брашно.

Може да подготвувате и свежи напитоци од него бидејќи придобивките се огромни.
Бебињата го обожаваат, а заради составот и структурата може да се воведе уште на почетокот на дохранта, односно со наполнети 6 месеци. Може да се направи пире само од компир, но е и одличен додеаток на сите кашички.


Мајките чии деца одбиваат зелечнукови оброци, најчесто го користат за „камуфлажа“ и бебиеата и децата полесно ги прифаќаат јадењата кои претходно не ги сакале.
Слаткиот компир е повеќегодишно растение, но се одгледува како едногодишно. Кај нас може да се најде од крајот на октомври и почетокот на ноември и го има се до почеток на летото.

No comments:

Post a Comment