Тиквиците по потекло дел се од Индија, додека некои се по потекло од Америка. Ги има во разни големини, форми и бои. Тиквичките кои виреат во нашето поднебје се со долгнавест и цилиндричен облик, со темно и светло зелена боја и со тенка кора. Плодот е мек и бледозеленкаст.
Многу истржувања покажале дека тиквичките ги смируваат нервите, го намалуваат стресот и анксиозноста, го јакнат имунолошкиот систем, ја подобруваат работата на мозокот, го јакнат срцето и крвните садови, го подобруваат варењето на храната, помагаат во исфрлањето на водата и отровите од организмот и помагаат во одржувањето на нормалната телесна тежина.Тиквиците в својот состав имаат многу малку јаглехидрати, белковини и само 0,3% масти.
Содржат многу вода и диететски влакна. Од витамините содржи
многу витамин Б, Ц и фолна киселина. Од минералите има калиум, фосфор,
магнезиум и манган. Во 100 гр тиквици има само 18 калории. Тоа е причината
заради која може да ги консумирате во неограничени количини за да имате витко
тело и одлично здравје.
Освен што се исклучително здрави, тиквиците влијаат многу
поволно на човечкиот организам.Ја одржуваат витката линија, ја подобруваат
концентрацијата, смируваат нерви, ги зајакнуваат мусклите и срцето. Влијаат при
процесот на исфрлање на вода и штетни матрии од телото.
Го регулираат варењето на храната и се репорачуваат како совршен прилог на месо
и риба.
Малку е познато дека тиквицата може да придонесе во лекување на астма, помага во спречување на парадентоза и други воспаленија. Семките од тиквиците пак, помагаат за отстранување на капилари, а делотворни се и во намалување на високиот крвен притисок.
Малку е познато дека тиквицата може да придонесе во лекување на астма, помага во спречување на парадентоза и други воспаленија. Семките од тиквиците пак, помагаат за отстранување на капилари, а делотворни се и во намалување на високиот крвен притисок.
Има неколку видови тиквици, но кај нас се користат претежно тиквиците со темнозелена боја налик а краставици, и оние со светло зелена боја.
Бебињата ги сакаат тиквичките во комбинации со др. зеленчук и житарки .Лесни се за варење и многу од родителите во сезона ја започнуваат дохраната токму со оваа намирница.
Најдобро се конзумира во сезона, кога може да се најде на пазар како свежа и нетретирана намирница. Во исхраната на бебињата се воведуваат на почетокот односно од 6+ месеци.
No comments:
Post a Comment