Monday, October 31, 2016

Банана 6+ месеци

Бананата е име за овошјето и тревните растенија од родот Банана (Musa) кои го произведуваат ова најчесто јадено овошје. Тие потекнуваат од тропските регионот на југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропски предели. Современата банана е вкрстена сорта од дивите видови заострена банана  (Musa acuminata) и семена банана (Musa balbisiana).


Бананите се хранливо овошје кое влегува во улогата на чувар на нашето здравје. Богато со витамини, минерали и растителни влакна, ова жолто тропско овошје освен сладок вкус нуди и многу бенефиции. Тие се богати со многу корисни состојќи, кои ни помагаат да останеме во добра форма, но и да го спречиме настанувањето на огромен број болести. Одличен оброк за почеток на денот.


Испасираната банана, но и самата внатрешност на лушпата, можат да делуваат како природен антибиотик, а се борат и со воспаленијата ако се нанесат локално.
Бананите содржат големи количини Б витамин, кој го смирува нервниот систем. Тие се полни со калиум, па затоа се одлични за намалување на крвниот притисок.

Бананата е богата со железо и го поттикнува создавањето на хемоглобинот во крвта. Со тоа бананата помага при анемија, а калиумот од бананата ја поттикнува концентрацијата и помнењето.
Ќе ви даде енергија и ќе ве држи сити подолго време, па ќе заборавите на желбата да се „полните“ со нездрава храна.


Таа е единственото свежо овошје кое може да го земаат лицата со хронични болести на системот на варење, без да тоа предизвика некои последици кај нив. Напротив, бананата е корисна за подобрување на работата на цревата, ја намалува желудечната киселината, а со тоа и ја штити слузницата на желудникот од оштетување. 
Патувањето е една од вашите најнеомилени активности поради појавата на неподнослива мачнина? Пред да тргнете на пат, изедете една банана. Бананите се одличен извор на енергија, а исто така го намалуваат интензитетот на нагоните за повраќање.
Тие се ваш пријател и при запек и при дијареја. Природните растителни влакна кои ги има во бананите помагаат за одржување на здрав дигестивен тракт. Зрелите банани се даваат во случај на запек, додека жолтите при дијареа.

Консумирањето на три банани дневно го намалува ризикот од мозочен удар со 21%, покажало истражување кое следело 250.000 лица во период од 30 години.
Главниот „виновник“ за тоа е калиумот, којшто го намалува крвниот притисок, кој од своја страна е главен предизвикувач на мозочниот удар.

Во исхраната на бебињата се воведува на почетокот на дохраната, односно на 6+ месеци и може да се комбинира со сите овошја и житарки. Бебињата ја обожаваат.

No comments:

Post a Comment