Monday, October 3, 2016

Намирници богати со железо


Железото е еден од најважните нутриенти за имунитетот кај човекот. Затоа, треба да се грижиме правилно да се ресорбира во организмот преку нашата исхрана за да не дојдеме во ситуација кога вештачки и по пат на суплементи во исхраната ќе треба да го поправиме нивото на железото.
Железо во исхраната е најзастапено во: житарки, месо, живина, мешункаст зеленчук, зрна, пченични никулци, лушпи од пченица,компир, жолчка, зелјест зеленчук, суво овошје, јаткасти плодови, цвекло, овошни сокови ( грозје, вишна, јаболко, брусница, дренки, шипки)

Како подобро да се апсорбира железото?
  • Јадете сиров зеленчук и овошје богато со витамин Ц за време на оброкот кој содржи железо. Витаминот Ц значително ја подобрува апсорпцијата на железото во организмот.
  • Употребата на свежо цеден сок пред оброк, исто така ја згоемува способноста на оргазнизмот да впие што поголема количина железо.
  • Млечните продукти и другите намирници кои се богати со калциум, јадете ги одвоено од намирниците богати со железо, затоа што калциумот попречува при апсорпција на железото.
  • Избегнувајте употреба на кофеински напитоци ( црно кафе, црн или зелен чај ), особено после оброк.
  • Воочено е дека, припремата на оброците во чинии од лиено железо, донекаде ги збогатуваат намирниците со железо.
Овој, многу важен елемент за човековиот организам најчесто се наоѓа во следниве намирници:
  • Мешунки ( грав, грашок , леќа )
  • Јаткасти плодови ( ореви, бадеми, лешници )
  • Компир
  • Житарки од цело зрно ,а особено нивните никулци
  • Семки од тиква
  • Какао
  • Јајца
  • Месо
  • Риба

Најдобрите резултати во борба против анемија ( слабокрвност ) покажале намирниците :
  • Лук – свеж или тинктура
  • Коприва – свежа, во облик на чај или капки
  • Какао
  • Мед,полен,матичен млеч,шумски мед
  • Глуварче – лист, а може икорен
  • Цвекло
  • Капина
  • Шипка
  • Пелин
  • Ореви

Потреби за железо

Бебиња и деца
  • Бебиња помлади од 6 месеци: 0,27 мг/ дневно
  • Од 7 месеци до една година : 11 мг/ дневно
  • Од една до три години: 7 мг/ дневно
  • Од четири до осум години: 10 мг/ дневно.
Извори на железо кои што не се од животинско потекло
  • Спирулина ( 1 лажиче ): 5 мг
  • Семки од тиква ( 30 гр. ) : 4,4 мг
  • Киноа ( 120 гр. ): 4 мг
  • Доматно пире ( 120 гр.): 3,9 мг
  • Бел грав (1/2 шоља): 3,9 мг
  • Готвен спанаќ ( 1/2 шоља): 3,2 мг
  • Суви кајсии/праски ( 3 парчиња ): 3,1 мг
  • Сок од суви сливи ( 240 гр.) : 3 мг
  • Леќа ( 120 гр. ) : 3 мг

No comments:

Post a Comment