Saturday, October 8, 2016

Финти од кујната

Сите ние секогаш се трудиме да најдеме начин како полесно, побрзо и поквалитетно да ги завшуваме обврските во кујната, од готвење до средување на истата.
Со помош на нашите членови од групата  Здрава храна, здрави деца! собравме корисни информации и совети како да си го олесните секојдневието без да трошите многу финансиски средства на скапи препарати и да го заштедите времето кое го поинувате во кујната.



За да не трошите пари за скапи острачи на ножеви потребно е да имате било каков порцелански сад: шоља, пепелник, чинија. Свртете го наопачки, и на делот каде што нема боја или е бојата рзлична поминаете неколку пати со ножот. Резултатите се: пазете ги прстите :)



Ако немате таков сад во моментот, истиот ефект ќе го постигнете и со топка направена од алуминиумска фолија. Бидете внимателни додека го острите го сечилото. Движењата се бавни, нагоре надолу и притискање по малку на фолијата за да не се пресечете. По малку ќе се сече фолијата, па можете и втора топка да направите ако е ножот или другиот прибор за сечењее се уште тап.
За попрецизно и полесно сечкање на шампињоните користете ја „хармониката“ за сечкање јајца.


Ако месото го мелете во домашни услови, тогаш ова е одличен совет за вас. Откако ќе го сомелете целото месо, ставете неколку парчиња леб и мелете додека не излезе лебот. Така ќе излезе целото месо, наместо да останува во машината за мелење.


За да не ви солзат очите кога сечкате кромид најдобро е да го ставите во ладна вода половина час претходно. Ако заборавите и мора веднаш да сечкате тогаш домаќинките велат дека да држите вода или парче леб во устата додека го сечкате. Исто помага и ако во устата држите две шкорчиња, се разбира до барутот нанадвор или ако запалите свеќа додека сечкате.
Кога сечкатее лук, за да не ви мирисаат рацете со истото ноже  со кое сечкате истријте ги прстите под млаз вода.


За да ги избегнете непријатните мириси во кујанта, особено фрижидерот, чувајте шолја со сварено македонско кафе.

Кога цедите свеж сок во соковник за децата, за да биде бистар прецедете го низ тетра пелена ( не користете омекнувач ако ја користите за порцедување и внимавајте да е добро исплакната од средствата за перење) и талогот останува на неа.

Ако сакате да месите домашно лепче, тогаш следниот пат за да добиете помек леб капнете неколку капки алкохолен оцет во тестото.

За да ви сјае кујната особено мијалникот и сите елементи со сјај користете оцет и сода бикарбона за чистење. Истото може да го искористите и за отстранување на бигорот, а и за да ги светнете приборот за јадење или чашите за вино.
Плотната која најчесто преставува мака за домаќинките може да ја исчистите и со паста за заби.

Мрсните флеки, дури и оние од кујнските крпи може да ги исчистите така што ќе ги наросите со бебешка пудра и ќе ги оставите да престојат преку ноќта.

За да омекне месото, при крајот на готвењето ставете малку сенф.

No comments:

Post a Comment