Friday, November 18, 2016

8 причини зашто НЕ за кравјото млеко


И покрај фактот дека длабоко сме навлезени во 21. век и понатаму се соочуваме со големиот број на прашања кои можат да се сведат на едно:
„Бебето наполни четири месеци, немам млеко, досега беше на АД, сега сакам да преминам на кравјо млеко. Какво да дадам? Полномасно или обратно и дали да го разблажувам/разредувам или не? “



Одговорот е едноставен: Не му давајте на бебето кравјо млеко. Ако се прашувате зашто, еве ги одговорите:

БЕБЕТО НЕ Е ТЕЛЕ

Бебето е создадено за мајчино млеко, а мајчиното млеко за бебето. Бебешкиот систем за варење е подготвен за мајчиното млеко и тоа најмногу му одговара. Ако се изземе првата фаза од животот – бебето во мајчината утроба, првите месеци од бебешкиот живот после раѓањето претставува најбурен развоен период, од кој зависи целиот понатамошен живот.Кога би сакале да ви опишеме со факти кои говорат колку треба да се даде преност на доењето, би пишувале на долго за придобивките од доењето и од мајчиното млеко. Овде не станува збор само за непосредната корист и полза од доењето, туку и за понтамошните предности од доењето кои следат подоцна во животот многу години по доенечкиот период.
Кога мајката не може да дои, кравјото млеко не е опција, туку треба да се користи млечна формула, а еве и зошто:



КРАВЈОТО МЛЕКО СОДРЖИ ПРЕМНОГУ МЛЕЧНИ ПРОТЕИНИ

Крајото млеко содржи далеку повеќе протеини од мајчиното и овој  „ протеински удар “ не е препорачлив за бебето што престанало да цица.Протеините се навистина важни за раст и развој на детето , но вишокот не е добар за бебето. Се преоптоваруваат бебеките бубрези, но се зголемува и ризикот од гојазноство подоцнежниот период од животот. Неколку европски и американски истражувања покажале дека поголемата количина на протеините во млекото , доведува до поголем напредок во тежината на бебето во првите од години од животот, а со тоа се зголемува и можноста децата да бидат гојазни ( а, подоцна и гојазни возразни ) .
Од друга страна, истражвањара јасно покажале дека млечната формула со помалку содржина на протеини не влијаат на здраво напредување на детето, но го намалуваат ризикот од дебелеење. Нема сомнеж дека АД млекото со помала содржина на протеини се најдоброто млеко, кога маката од објективни причини не може да дои.




ПРОТЕИНИТЕ НА КРАВЈОТО МЛЕКО СЕ ПРЕГОЛЕМИ

Кравјото млеко содржи “крупни“ млечни протеини кои имаат голем алергиски потенцијал, па и верјатноста за појава на алергија на кравјо млеко е поголема. Шансата да бебето развие алергија на протеини на кравјо млеко е околу 15 %, дури и ако во семеството нема алергии на храна. Доколку еден од блиски роднини е алергичен на храна, шансите се два пати поголеми . АД млекото пак, ги има исецкано големите протеини кои се прилагодени – адаптирани за бебињата/децата кои од мајчино млеко преминуваат на кравјо млеко. Кај бебињата коишто се склони кон алергиски реакции на храна, треба да се користат формули кои содржат кравјо млеко, но да се приготвени хидролизирано да можат значително да го намалат ризикот од алергии ( ХА – Хипоалергиски формули ).



НЕМА ЖЕЛЕЗО ВО КРАВЈОТО МЛЕКО

Недостатокот на железо води кон анемија ( слабокрвност ), а него практично и го нема во кравјото млеко. Го нема доволно ни во мајчиното млеко, но мајчиното млеко помага и придонесува да железото од храната се врзе ефикасно и да се ресорбира во крвта, како и да и стави на располагање на коскената срж да произведува здрави црвени крвни зрнца. Во секоја подобра АД формула се наоѓа дополнтелно железо и така се спречува настанување на анемија.

КРАВЈОТО МЛЕКО ИМА ПРЕМНОГУ МИНЕРАЛИ
Кравјото млеко содржи висок процент на соли ( сулфати , фосфати ) кои пречат при процесот на „ преземање “ на железото од храната. Тоа значи дека кравјото млеко нема железо и пречи при нормална ресорпција на железото од храната, па на два начини го зголемува ризикот од анемја. Премногу натриум ги оптоварува бебешките незрели бубрези , А ТОА СЕКАКО НЕ Е ДОБРО. Затоа во АД формулите, концентрацијата ( количеството ) на минералите е приближно со оние во мајчиното млеко.



КРАВЈОТО МЛЕКО ИМА ПРЕМАЛКУ ЕСЕНЦИЈАЛНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ

Есенцијалните маси киселини се непходни за правилена развој на мозокот и видот, но и на срцето и крвните садови. Нив едноставно ги нема доволно во кравјото млеко, но затоа се додаваат во АД млекото.

ВО КРАВЈОТО МЛЕКО НЕМА БИФИДОБАКТЕРИИ – ПРОБИОТСКИ КУЛТУРИ

Мајчиното млеко обезбедува колонизација на бифидобактерии во цревата на бебето. Тие се исклучително важни за здраво варење на храната , но и за имунитет на бебето. Нив ги нем во кравјото млеко. Навистина, ги има во јгуртот, но тој пак има други неприфатливи материи за малото бебе ( многу големи протеини, соли ). Затоа бифидобактериите  се неизбежна состојка на АД млеката.




КРАВЈОТО МЛЕКО НЕМА ПОТРЕБНИ ВИТАМИНИ ЗА БЕБЕТО, НИТУ ПАК МИКРОЕЛЕМЕНТИ

Витамините се непходни за бебето, а пред сѐ витаминот D3. Него го нема ни во мајчиното млеко, па е неопходно да се додава како суплемент во вид на витамински капки. Тоа е всушност единственото нешто што треба да се додава на бебињата што цицаат, останатото е идеално присутно во мајчиното млеко. Млечите формули содржат витамин D3, но и додаток на јод и селен кои се неоподни за здрав раст  развој на бебето.

1 comment:

  1. I am actually glad to read this website posts which contains lots of
    valuable data, thanks for providing these statistics.

    ReplyDelete