Wednesday, November 23, 2016

Која пластична амбалажа e штетна, а која е безбедна за употреба?

Пред десет или повеќе години никој не ни помислил дека обична вода ќе се пие од пластични шишиња. Денес тоа е повеќе од навика, а не неопходност, бидејќи водата од водоводот се уште се пие. Сите купуваме флаширана вода, кога патуваме, одиме на работа, носиме мали пластични шишиња вода со нас. На децата кога одат во градинка и училиште, исто така, им пакуваме вода во шише. За жал, често пиеме вода од пластична амбалажа, но со тоа не си правиме услуга. Зошто? 

Заради хемискиот состав на пластика. На дното на секоја пластична амбалажа има триаголник со број од средината. Тој означува колку е опасна таа пластика. Целта на производителите на прехранбени производи и пијалаци, за жал не е да ни обезбедат здрава храна и пијалаци, туку да имаат повисоки приходи.


КОДОВИ

1 – PET ( често PETE )
Таа амбалажа често е наменета за еднократна употреба. Постои можност испушти тешки метали антимон и ЕПА хемиска супстанција,која се меша со функционирањето на хормоните.Овие шишиња може испуштаат и канцерогени материи.

2 – HDP ( често HDPE ) 
Станува збор за „добра“ пластика, за која постои најмала веројатност да испушта хемикалии во водата.


3 – PVC (некогаш и 3V ) 
Оваа пластика испушта две отровни хемикалии, а двете го попречуваат работењето на хормоните во телото. И покрај тоа,оваа пластика е најупотребувана за производство на шишиња.

4 – LDPE 
Пластика која не испушта хемикалии во водата.Не се користи за производство на пластични шишиња, туку за производство на пластични кеси за пазарење. 

5 – PP 
Уште една добра пластика, вообичаено со бела или проѕирна боја. 
Се користи  за производство на шишиња за сирупи или чашки за јогурт.

6 – PS Пластика која во водата испушта канцерогена материја STIREN. Најчесто се користи во чашките за кафе за еднократна употреба или амбалажа за брза храна.

7 – PC ( или без ознака ) 
Тоа е најлоша пластика за прехранбено производство, бидејќи ја испушта хемикалијата BPA. За жал, се користи за производство на шишиња за доенчиња, спортски шишиња или садови за подготовка на храна.

Која пластика, каде се употребува во прехрамбената индустрија



Пластиката која не испушта хемикалии во водата е 2, 4 и 5, или обележани HDP, HDPE, LDPE, PP. За останатите добро пазамислете за нивната употреба. Најдобро е да се купи вода во стаклени шишиња. Доаѓа време кога, за жал, се повеќе и повеќе водата ја носиме со нас. Најлошиот начин да ја за тоа се пластични садови, особено онаа со етикети 1, 3, 6 или 7. Водата во овие шишиња е подложна на хемиско и температурно влијание, а во следните полнење и бактериолошко. Многу од луѓето кои имаат можност да наполнат вода од извор во пластични шишиња и балони се изложени на поголема опасност, повеќе отколку да пијат вода од градскиот водовод.


Пожелно би било да се носи вода во стаклена амбалажа, но таа не е практична.За вода за пиење за време на прошетките, во канцеларија, училиште, по рекреативни активности, најдобро е да имате мали стаклени шишиња за лична употреба, кои можат да ги купите. На овој начин ќе направите нешто корисно за здравјето на вашите деца, за вашето здравје и за животната средина.

No comments:

Post a Comment