Според истражувањата консумирањето на мандарините помага во борбата со болести како што се дијабетес, мозочен удар како и проблеми со срцето.
Мандарините се познати по тоа што во себе содржат нобилетин, кој се наоѓа во нивната кора и кој е десет пати посилен од оној што се наоѓа во грејпфрутот, а помага во борбата со холестеролот како и повишени триглицериди. Според долгогодишните истражувања нобилетинот помага и при артеосклероза, односно затнувања во артериите кои можат да доведат до срцев или мозочен удар.
Инаку, кога купувате и јадете мандарини ако истите не се прскани со пестициди не ја фрлајте кората, туку исушете ја и потоа можете да ја користите како додаток во различна пригода како на пример во некој колач или во чај.
No comments:
Post a Comment