Wednesday, January 4, 2017

Топ 15 здрави намирници за деца - 6. ЗЕЛКА

Таа има благ вкус и децата поради тоа ја сакаат. Зелката може да го намали ризикот од појавување на рак, го подобрува варењето на храната и помага побрзо да се исфрлат штетните токсни од телото.


Од зелката може да направите вкусна зелена салата, супа или пак да употребите некој азиски рецепт бидејќи таа е многу застапена во азиската кујна.


Идеален рецепт за 12+ Виолетова зелка



Состојки:
  •     1 виолетова зелка
  •     1 главица кромид
  •     1 чешне лук
  •     Целер
  •     2 моркова
  •     Сол, бибер, домашна вегета и мелена пиперка
  •     Маслиново масло
  •     Вода


Подготовка:
издинстајте го во вода ситно исечениот кромид. Додадете ги лукот и целерот, исто така ситно исечени. Потоа додадете ги морковите. Посолете и промешајте. Додадете ја ситно исечената зелка. Додадете зачини, измешајте и намалете ја температурата на рерната.
Динстајте и повремено додавајте вода за зелката да не загори.
Кога зелката е готова, тргнете ја на страна, оставете малку да се излади и послужете ја.

Добар апетит!

2 comments:

  1. Vegeta 12+ ? Mislev deka za vozrasni se izbegnuva ,a ne za deca...

    ReplyDelete
    Replies
    1. Сега е изменет текстот, се мисли на домашна вегета, не на купечка секако

      Delete