Thursday, January 5, 2017

Топ 15 здрави намирници за деца - 7. ЈАБОЛКО

Важна ужина која мора да се јаде во било каков облик.
Без разлика дали ќе изберете зелено, црвено или жолто јаболко, телото ќе биде благодарно за секој залак.


Јаболката се извонредно овошје богато со витамин Ц, витамини од групата Б, калциум, калиум, фосфор, железо, магнезиум и цинк, но овој сочен плод содржи и многу антиоксиданси и растителни влакна кои дополнително го засилуваат одбранбениот систем на телото. Земајќи го ова во предвид, слободно може да се каже дека секое јаболко е микс од супстанции кои делуваат благотворно и на здравјето и на вашиот изглед, а еве како:
  • Јаболката ви овозможуваат подобро дишење
  • Јаболкото го намалува холестеролот и делува позитивно на срцето и крвните садови
  • Јаболката го зајакнуваат имунитетот
  • Јаболката го помагаат варењето на храната.
  • Јаболка за побели и поздрави заби.



Направете си ЧИПС ОД ЈАБОЛКА 12+


Дали сте помислиле дека јаболката можат да бидат одлични и здрави грицки и тоа во форма на сладок чипс. Еве како да ги подготвите:
  • 1 голема јаболка ( најдобро излегуваат зелените јаболка  Granny Smith)
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажичка цимет

Јаболката се сечат на кришки се валкаат во смесата од шеќер и цимет и се ставаат во рерна. Се пече околу половина до 1 час а потоа јаболката се превртуваат на другата страна. Повторно се посипуваат со шеќер и цимет и се оставаат уште половина до 1 час да се печат. Оставете да се изладат и уживајте во здравиот чипс.

No comments:

Post a Comment