Tuesday, January 10, 2017

Се околу почетокот на дохраната на децата: возбудливиот почеток на дохраната

Како да почнам со дохрана? Со што да почнам? Дали прво овошје или пак зеленчук ?

Ова се само првите прашања во низата безброј прашања на тема дохрана на бебињата што се среќаваат меѓу родителите. Сакајќи на своето бебе да му го пружат најдоброто, родителите прашуваат, се интересираат и се трудат да добијат што повеќе информации на кој начин да го започнат ова ново поглавје во животот на своето дете. Но, има и такви родители кои за жал, не прашуваат и не се интересираат на оваа тема и водејќи се по советите од своите родители, стрини, тетки, па и баби, почнуваат многу порано одошто навистина треба, честопати бираат многу алергени во исхраната и тоа во првите месеци на истата, воведуваат шеќер и сол многу побрзо, одошто е потребно и користат некои ’алтернативни ’  начини за хранење на бебето.


Со цел, да помогнеме на сите кои имаат недоумици на оваа тема, ќе напишеме нешто за почетоците и за постепеното воведување на храна кај бебето.

Се почнува постепено и со многу трпение. Најважно е да го следите своето бебе и да го прилагодите времето на хранење во согласност со неговите потреби. На секое бебе му е потребно одредено време  (некогаш и неколку месеци ) да воспостави сопствен ритам на хранење.

Праксата покажува дека новите намирници треба да се воведуваат доцна претпладне или рано попладне, затоа што во тој период бебињата се најмирни, а и останува доволно време до ноќното спиење за да се следат реакциите на новата намирница.

Новите намирници се воведуваат поединечно во исхраната секои три до пет дена. Тоа значи дека неделно се воведуваат најмногу две нови намирници. Ова е потребно заради евентуални алергиски реакции. Доколку забележите било какви реакции на новата храна (осип, пролив, повраќање ), обратете се на лекар.


Кашичките што се комбинирани со повеќе намирници се прават дури откако бебето ќе ја проба секоја немирница посебно. Треба да се почне со мало количество во вид на проба, па да се зголемува до 6-8 лажички кога станува оброк (ова е минималното количество коешто се смета како оброк).

Многу често бебињата пружаат отпор и не ги прифаќаат новите вкусови. Тогаш родителите се снаоѓаат и изнаоѓаат различни начини. Најчесто се зголемува мајчиното или адаптираното млеко повеќе одошто предвиденото дозирање. Па, постепено се зголемува количеството на нови намирници (по системот: Непознатото да се камуфлира со познатото). Многу брзо бебето само ќе покаже што сака повеќе, а што помалку. Кои вкусови полесно, а кои потешко ги прифаќа. Не инсистирајте на нешто што вашето бебе не го прифаќа. Бидете трпеливи. Обидете се повторно. Доколку ви е утешно: Нема бебе кое што порано или подоцна не прифатило дохрана .

Кој одлучува за времето кога дохраната ќе започне и на кој начин?

Педијатарот – следејќи го напредокот на детето (растот и психомоторниот развој), но во соработка и согласност на родителите за стартот и начинот на воведување на дохраната.


Зошто да не брзате со воведување на дохрана?

Зрелоста на системот за варење на доенче од 6 месеци е развиено до тој степен, за да може лесно да ја прифати немлечната дохрана. Значи бебиња од шест месеци со тешкотии ја варат храната (немлечната) и немаат можност во целост да ги искористат хранливите материи од немлечните намирници. Некои видови на храна, пак може да го зголемат ризикот од алергиски реакции на храна и егзема во подоцнежниот период. Затоа е многу важно да се оди полека и внимателно да се одбере како ќе започне дохраната.

No comments:

Post a Comment