Wednesday, January 25, 2017

Д-р Александар Митов дел од екипата на Здрава храна, здрави деца!

До­ктор Але­ксан­дар Ми­тов е ма­ги­стер по јав­но здрав­ство. Дипломира медицина на Медицинскиот Факултет во Скопје како првенец на генерација. Магистрира Здравствена екологија на кипарскиот институт на Harvard School of Public Health, а подоцна завршува магистерски студии за политики за животна средина во Кембриџ, Велика Британија. Ова е повеќе од доволно за да можеме нескромно да кажеме дека сме горди што од денес д-р Митов е дел од екипата Здрава храна, здрави деца! чија цел е да се подигне свеста кога е во прашање здравата исхрана кај бебињата и децата.
Ќе пишува на разни теми кои најчесто предизвикуваат дилеми кај родителите и ќе одговара на прашања поврзани со темата. За да ве запознаеме со неговата работа и став ви одвоивме неколку одговори кои ги дал д-р Митов за некои од електронските медиуми.



Инаку една од главните работи со кои воодушевува покрај одличното образование, неверојатната харизма и ентузијазам во борбата за подигање на свеста околу здравиот живот и исхрана на луѓето е неговата поддршка на доењето.
За тоа колку здравиот начин на живот и исхрана е тренд Митов ќе каже:

-По­сто­ја­но се по­ја­ву­ва­ат и за­ми­ра­ат раз­ни трен­до­ви. Трен­дот на здрав на­чин на ис­хра­на и оп­што, здра­ви­те на­ви­ки, ту­ка не е ут­на­та ра­бо­та­та. Ту­ка трен­дот е на ви­стин­ско­то ме­сто. Овој­пат ста­ну­ва збор за тренд кој има цвр­ста ос­но­ва во на­у­ка­та и во на­уч­ни­те фа­кти. Ве­ли­ме, ме­ди­ци­на ба­зи­ра­на на до­ка­зи. От­ту­ка и по­пу­лар­ни­те трен­до­ви би тре­ба­ло да би­дат ба­зи­ра­ни на до­ка­зи. Нај­го­ле­ми­от број од бо­ле­сти­те што пре­диз­ви­ку­ва­ат смрт­ност – кар­ди­о­ва­ску­лар­ни­те, ср­це­ви­от удар, мо­зоч­ни­от удар, ди­ја­бе­тес тип 2, кар­ци­но­ми­те, си­те се по­вр­за­ни со на­чи­нот на жи­ве­е­ње. За­тоа е мно­гу важ­но да жи­ве­е­ме здра­во и да се хра­ни­ме пра­вил­но.

Доктор Митов вели дека на­јос­нов­но­то пра­ша­ње да­ли са­кам и ка­ко са­кам да жи­ве­ам е прашањето што чо­век ќе го по­не­се на па­тот за по­до­бру­ва­ње и про­ме­на на сво­јот на­чин на жи­вот. Про­ме­на­та кон по­до­бар жи­во­тен стил во­ди кон по­ста­ву­ва­ње на пра­ша­ње­то „што тре­ба да на­пра­вам“ и „да­ли са­кам да сум поз­драв“.

- Мно­гу­ми­на мо­же да ја има­ат ви­стин­ска­та ин­фор­ма­ци­ја, но да не мо­жат да ја упо­тре­бат. При­мер за тоа се лу­ѓе­то што пу­шат ци­га­ри. Си­те зна­ат де­ка е тоа штет­но. Но, да се има ин­фор­ма­ци­ја­та и таа да се иско­ри­сти, се две раз­лич­ни ра­бо­ти. Од­лу­ка­та да се про­ме­ни жи­во­тот, на­чи­нот на ис­хра­на, на дви­же­ње, е мно­гу лич­на ра­бо­та и тре­ба да поч­не од­на­тре. Во овој пер­и­од пра­ви­ме ре­ка­пи­ту­ла­ци­ја на го­ди­на­та што из­ми­на, по­тоа пра­ви­ме план ка­ко ќе би­де след­на­та и ед­но од глав­ни­те пра­ша­ња е ка­ко би са­ка­ле да ја жи­ве­е­ме след­на­та го­ди­на од ас­пект на здрав­је­то, но и тие го­ди­ни што до­а­ѓа­ат по оваа. Пра­ша­ње­то е да­ли би са­ка­ле да би­де­ме поз­дра­ви. Ако има­ме се­мејс­тво, да­ли би са­ка­ле да би­де­ме при­сут­ни до­де­ка де­ца­та, вну­ци­те рас­тат. Тоа се тие клуч­ни пра­ша­ња од кои чо­век тре­ба да поч­не на па­тот за про­ме­на на сво­јот жи­во­тен стил. На­јос­нов­но­то пра­ша­ње да­ли са­кам и ка­ко са­кам да жи­ве­ам е тоа пра­ша­ње што чо­век ќе го по­не­се на па­тот за по­до­бру­ва­ње и про­ме­на на сво­јот на­чин на жи­вот. Мо­же­би ова не зву­чи ка­ко со­вет од ме­ди­цин­ско ли­це, но до­ка­жа­но е де­ка не е пра­ша­ње­то на има­ње на ин­фор­ма­ци­ја или на са­ми­те тех­ни­ки, ту­ку пра­ша­ње­то е мно­гу лич­но и че­сто се све­ду­ва на од­но­сот на па­ци­ен­тот со ле­ка­рот. Зна­чи, па­тот е од­на­тре. Про­ме­на­та кон по­до­бар жи­во­тен стил во­ди кон по­ста­ву­ва­ње на пра­ша­ње­то „што тре­ба да на­пра­вам“ и „да­ли са­кам да сум поз­драв“.

Најчестиот одговор зашто не се храниме здраво кои многумина го даваат е дека таквиот стил на живот е скап.

- Тоа е го­ле­ма заб­лу­да. Три глав­ни на­ви­ки вли­ја­ат оп­што врз здрав­је­то. Пу­ше­ње­то, фи­зич­ка­та (не)актив­ност и ис­хра­на­та. Ако пре­ста­не­ме да пу­ши­ме, ќе за­ште­ди­ме. Во фи­зич­ка­та актив­ност не тро­ши­ме па­ри, ту­ку ка­ло­рии. Ако поч­не­ме да се дви­жи­ме по­ве­ќе, да пе­ша­чи­ме нај­мал­ку 15 ми­ну­ти днев­но, ќе се на­пра­ви за­бе­ле­жи­те­лен ста­ти­стич­ки ефект врз здрав­је­то на по­е­ди­не­цот и до­да­де­ни­те го­ди­ни во жи­во­тот. Зна­чи, па­ри не се тро­шат. Оста­ну­ва ис­хра­на­та. Ед­на од нај­ска­пи­те на­мир­ни­ци за ис­хра­на­та на чо­ве­кот е ме­со­то. Во исто вре­ме, ме­со­то е нај­по­вр­за­ни­от про­дукт со не­га­тив­ни здрав­стве­ни ефе­кти. От­ту­ка, ло­ги­ка­та е ед­но­став­на. Ако го на­ма­ли­ме ме­со­то, го пре­по­ло­ви­ме или, пак, це­лос­но го исфр­ли­ме што не е проб­лем за на­ше­то здрав­је, гле­да­ме де­ка се соз­да­ва­ат ре­зер­вни па­ри кои мо­же да ги на­со­чи­ме кон овош­је, зе­лен­чук и жи­тар­ки. Ако ја пов­ле­че­ме ли­ни­ја­та, гле­да­ме де­ка за­ште­ду­ва­ме. За­бу­на кај лу­ѓе­то е де­ка тре­ба да се ја­де ор­ган­ска хра­на, но тоа не е точ­но. Здра­ва хра­на не мо­ра да зна­чи де­ка е ор­ган­ска хра­на. Тоа е заб­лу­да. Хра­на­та мо­же да би­де ор­ган­ска, но за жал, уште не­ма пре­циз­ни на­уч­ни сту­дии ко­и­што до­ка­жу­ва­ат ко­рист. Не мо­же­ме да се за­ла­жу­ва­ме де­ка са­мо за­ра­ди тоа што не ја­де­ме ор­ган­ска хра­на, не се хра­ни­ме здра­во. От­ту­ка, здра­ва­та хра­на мо­же да би­де и по­е­вти­на и по­при­стап­на. Во Ма­ке­до­ни­ја здра­ва­та хра­на ја има во изо­билс­тво.



* користени се одговори од дел од интервјуата на Александар Митов за Република


No comments:

Post a Comment