Ќе пишува на разни теми кои најчесто предизвикуваат дилеми кај родителите и ќе одговара на прашања поврзани со темата. За да ве запознаеме со неговата работа и став ви одвоивме неколку одговори кои ги дал д-р Митов за некои од електронските медиуми.
Инаку една од главните работи со кои воодушевува покрај одличното образование, неверојатната харизма и ентузијазам во борбата за подигање на свеста околу здравиот живот и исхрана на луѓето е неговата поддршка на доењето.
За тоа колку здравиот начин на живот и исхрана е тренд Митов ќе каже:
-Постојано се појавуваат и замираат разни трендови. Трендот на здрав начин на исхрана и општо, здравите навики, тука не е утната работата. Тука трендот е на вистинското место. Овојпат станува збор за тренд кој има цврста основа во науката и во научните факти. Велиме, медицина базирана на докази. Оттука и популарните трендови би требало да бидат базирани на докази. Најголемиот број од болестите што предизвикуваат смртност – кардиоваскуларните, срцевиот удар, мозочниот удар, дијабетес тип 2, карциномите, сите се поврзани со начинот на живеење. Затоа е многу важно да живееме здраво и да се храниме правилно.
Доктор Митов вели дека најосновното прашање дали сакам и како сакам да живеам е прашањето што човек ќе го понесе на патот за подобрување и промена на својот начин на живот. Промената кон подобар животен стил води кон поставување на прашањето „што треба да направам“ и „дали сакам да сум поздрав“.
- Многумина може да ја имаат вистинската информација, но да не можат да ја употребат. Пример за тоа се луѓето што пушат цигари. Сите знаат дека е тоа штетно. Но, да се има информацијата и таа да се искористи, се две различни работи. Одлуката да се промени животот, начинот на исхрана, на движење, е многу лична работа и треба да почне однатре. Во овој период правиме рекапитулација на годината што измина, потоа правиме план како ќе биде следната и едно од главните прашања е како би сакале да ја живееме следната година од аспект на здравјето, но и тие години што доаѓаат по оваа. Прашањето е дали би сакале да бидеме поздрави. Ако имаме семејство, дали би сакале да бидеме присутни додека децата, внуците растат. Тоа се тие клучни прашања од кои човек треба да почне на патот за промена на својот животен стил. Најосновното прашање дали сакам и како сакам да живеам е тоа прашање што човек ќе го понесе на патот за подобрување и промена на својот начин на живот. Можеби ова не звучи како совет од медицинско лице, но докажано е дека не е прашањето на имање на информација или на самите техники, туку прашањето е многу лично и често се сведува на односот на пациентот со лекарот. Значи, патот е однатре. Промената кон подобар животен стил води кон поставување на прашањето „што треба да направам“ и „дали сакам да сум поздрав“.
Најчестиот одговор зашто не се храниме здраво кои многумина го даваат е дека таквиот стил на живот е скап.
- Тоа е голема заблуда. Три главни навики влијаат општо врз здравјето. Пушењето, физичката (не)активност и исхраната. Ако престанеме да пушиме, ќе заштедиме. Во физичката активност не трошиме пари, туку калории. Ако почнеме да се движиме повеќе, да пешачиме најмалку 15 минути дневно, ќе се направи забележителен статистички ефект врз здравјето на поединецот и додадените години во животот. Значи, пари не се трошат. Останува исхраната. Една од најскапите намирници за исхраната на човекот е месото. Во исто време, месото е најповрзаниот продукт со негативни здравствени ефекти. Оттука, логиката е едноставна. Ако го намалиме месото, го преполовиме или, пак, целосно го исфрлиме што не е проблем за нашето здравје, гледаме дека се создаваат резервни пари кои може да ги насочиме кон овошје, зеленчук и житарки. Ако ја повлечеме линијата, гледаме дека заштедуваме. Забуна кај луѓето е дека треба да се јаде органска храна, но тоа не е точно. Здрава храна не мора да значи дека е органска храна. Тоа е заблуда. Храната може да биде органска, но за жал, уште нема прецизни научни студии коишто докажуваат корист. Не можеме да се залажуваме дека само заради тоа што не јадеме органска храна, не се храниме здраво. Оттука, здравата храна може да биде и поевтина и попристапна. Во Македонија здравата храна ја има во изобилство.
* користени се одговори од дел од интервјуата на Александар Митов за Република
No comments:
Post a Comment