Thursday, February 16, 2017

Три начини како да подготвите здрава храна за вашето дете

Овој текст ќе ви помогне правилно да ја подготвите храната за вашите деца.
Дознајте како може да подготвите вкусен и здрав оброк за вашето дете и да бидете сигурни дека тоа ќе ги добие сите хранливи материи кои му се потребни за да биде здраво и напредно.

Дали знаете дека вашиот метод на готвење влијае на вкусот и текстурата на храната, без разлика дали станува збор за месо, зеленчук, овошје или друга омилена храна?
Повеќето видови храна можат да се готват со кој било од методите за готвење, иако одредени видови на храна се повеќе компатибилни со еден или два начини на готвење.
Кога готвите земете ги во предвид разликите во исходот за изберете идеален начин за здраво готвење на оброкот за вашето дете. Во здравото готвење на храната, пржењето не е опција.


ПЕЧЕЊЕ

Печењето се одвива во рерна со помош на сува топлина. Ова едноставно значи дека не се користи течност за да се олесни процесот на готвење. Печењето во рерна е многу сличен метод на печење на скара.


Процесот на печење често се однесува на храна како пити, колачи, торти, леб, месо и зеленчук. За да се добие оваа храна треба да се мешаат заедно повеќе состојки и кога пече, тие создаваат нова храна и структура која повеќе не може да се подели на индивидуалните состојки.


Сепак ова претставува одличен начин за подготовка на храната доколку сакате да го зачувате природниот вкус (сладоста) на зеленчукот. Верувале или не, карфиолот и брокулата се навистина слатки кога ќе се испечат! Тиквата го задржува својот сладок вкус, а месото се готви во своите природни сокови.


ВАРЕЊЕ

Во процесот на вриење се користи течност за пренос на топлина на храната која се готви. Течноста прави готвената храна да има повеќе мека текстура отколку крцкава обвивка. Садот за варење се полни со доволно течност за целосно да се покрие храната што се вари. Течноста се загрева до вриење.


Водата е најчеста течност за варење, но и супата е уште една опција за многу јадења. Откако се загрева течноста до вриење се додава храната. Некоја храна бара да се продолжи со готвење и по вриењето, додека кај друга препорачливо е да се намали топлината и течноста полека да зоврива. Тестенини, житарици и зеленчук често се готват со овој методот на варење.


Варењето е доста добар начин за да подготвите оброк за вашето дете, но сепак треба да имате на ум дека водата “врзува” многу хранливи состојки.


ГОТВЕЊЕ НА ПАРЕА

Готвење храна на пареа е начин кога се додава вода во еден сад (тенџере), а потоа врз него се додава друг сад чие дно е со дупчиња. Нивото на водата треба да биде во рамките на средината и да не го допира горниот сад. Со овој начин на готвење нема контакт помеѓу храната и водата што се додава во садот.


Храна се става во горниот сад и тој се поклопува. Таа се готви на топлината од пареата што се создава од водата што врие во долниот сад. Жешката пареа се издига од врелата вода и храната се готви. Со овој начин на готвење жешката  пареа е таа што ја готви храната, бидејќи не постои контакт помеѓу храната и водата во садот.
Овој метод на готвење за зеленчук, а и овошје, е многу добар бидејќи таа не го губи својот вкус и голем дел од хранливите материи и витамините не се губат за време на готвењето. Исто така може да се искористи првиот сад со вода ако нешто е потребно да се вари, па во исто време може да готвите на пареа и да варите. На овој начин се заштедува и електрична енергија.


На пазарот може да се најдат садови и апарати за бавно готвење кои се многу практични за подготовка на оброк за вашето дете, особено доколку немате доволно време да стоите покрај шпоретот – доволно е само едно притискање на копче, да ја намалите топлината и да уживате.

Варењето задржува ги 40% до 60% од витамините.
Готвењето на пареа ги задржува 85% до 90% од витамините.
Печењето задржува ги 50% до 80% од витамините.

No comments:

Post a Comment